Македонија

Македонската независност прославена во Брисел: Чествување на идентитетот и традицијата

На 8 септември 1991 година, граѓаните на Македонија на референдум ја потврдија својата посветеност на независноста, отворајќи го патот кон изградба на модерна, суверена и демократска држава – изјави министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски во видео обраќање на приемот одржан синоќа во зградата на Градскиот совет на Брисел по повод Денот на македонската независност – 8 Септември.

На 8 септември 1991 година, граѓаните на Македонија на референдум ја потврдија својата посветеност на независноста, отворајќи го патот кон изградба на модерна, суверена и демократска држава – изјави министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски во видео обраќање на приемот одржан синоќа во зградата на Градскиот совет на Брисел по повод Денот на македонската независност – 8 Септември.

– Ова беше кулминација на вековниот стремеж за самоопределување и достоинствен живот во нашата земја. Во текот на изминатите 34 години, нашата земја помина низ длабока трансформација и целосен процес на демократска транзиција – рече Муцунски.

Тој нагласи дека и покрај предизвиците, македонскиот народ го зачувал својот идентитет, јазик и традиција, прифаќајќи ги слободата и демократијата, за што, како што рече, „искрено сме им благодарни на Европската Унија и на нејзините членки“.

– Денес, нашата држава е релевантен актер на меѓународната сцена како членка на Обединетите нации, горд НАТО сојузник, целосно усогласена со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ и потписничка на безбедносното партнерство, со што активно придонесуваме за глобалниот мир и безбедност – додаде Муцунски.

Шефот на дипломатијата истакна дека членството во ЕУ останува политички приоритет број еден на земјата, не само со зборови, туку и со реални реформи и дела.

– Тоа е иднината што нашите граѓани ја избраа пред 34 години – силна, суверена и независна земја, дел од европското семејство. Во духот на сопствената одговорност да продолжиме да ја градиме и зајакнуваме нашата земја, бидејќи независноста не е настан од минатото, туку процес што продолжува секојдневно. Цврсто верувам дека еден ден сонцето ќе свети покрај ѕвездите на Европската Унија – додаде Муцунски во видео обраќањето.

Во име на организаторите на приемот, в.д. постојан претставник на земјава во НАТО, Исмаил Ебипи, вршителката на работите во Македонската амбасада во Белгија, Сузана Мехмеди, и воениот претставник на државата во НАТО и ЕУ, полковник Ивица Ампов, пред присутните гости се обрати шефот на македонската мисија во ЕУ, Зулфи Исмаили.

Амбасадорот Исмаили истакна дека од Денот на независноста во 1991 година, земјата поминала пат на трансформација, од предизвикувачките почетоци кога и била потребна поддршка од меѓународната заедница, до приклучување кон повеќето меѓународни организации и станување сигурен и вреден член на меѓународната заедница.

– Уште од самиот почеток нашиот Парламент едногласно одлучи дека двете главни стратешки цели ќе бидат членството во НАТО и ЕУ – порача Исмаили пред претставниците на Алијансата, меѓу кои и заменик генералната секретарка на Пактот, Радмила Шекеринска, на институциите на Унијата, белгиските власти, членовите на дипломатскиот кор во Брисел и припадниците на македонската дијаспора во Белгија.

Исмаили нагласи дека и покрај многуте предизвици на патот кон ЕУ, земјата никогаш не се откажала од својата цел за членство, што е потврдено и со постојаната поддршка од граѓаните.

– Оваа посветеност ја потврди и неодамнешниот Евробарометар, покажувајќи дека околу 70 отсто од нашите граѓани имаат позитивен став и силна доверба во нашите аспирации за членство во ЕУ. Постепената интеграција или, како што сакаме да ја наречеме, забрзана интеграција, како што се Планот за раст, делумната интеграција во единствениот пазар и потпишувањето на нашето партнерство во безбедност и одбрана како прва земја во регионот, се значајни чекори што носат придобивки уште пред нашето членство – додаде Исмаили.

Тој потсети дека годинава се одбележува и петтата годишнина од членството во НАТО, каде земјата покажува дека е вреден член на Алијансата, обезбедувајќи стабилност, особено во регионот, во услови на големи предизвици.

На приемот настапи македонската пејачка Елена Петреска, која изведе неколку народни и популарни песни, а присутните уживаа во традиционална храна подготвена од членовите на македонските мисии и Амбасадата во Брисел и нивните семејства.

Гостите имаа можност да вкусат пити, домашна погача, ѓомлезе, ајвар, тавче гравче, сарма, различни видови сирења и други македонски специјалитети, придружени со македонски вина.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Ќе нема зголемување на старосната граница за пензионирање, проблемите се детектирани се преземаат мерки

ВМРО-ДПМНЕ го исполни ветувањето, за две години пензионерите добија линеарно зголемување на пензиите од 7.000 денари, рече пратеничката Дијана Илиевска.

ВМРО ДПМНЕ: Фрчко Малиот да му поднесе кривична пријава на ексминистерот за здравство Филипче, кога се криеле 400 наоди за неисправна вода во Гостивар!

„Талогот на СДС повторно се појави. Овој пат во ликот на мали Фрчко, кој се измачил на топлото време и отишол пред Јавно обвинителство. Но, ја утнал адресата од кои бара одговорност за случајот со водата во Гостивар.“ – реагира ВМРО ДПМНЕ.

Средба Ферати – Колумбија: Младите и реформите кон ЕУ во средиштето на разговорите

Министерот за односи меѓу заедниците, Агон Ферати оствари средба со координаторката на Обединетите нации во Македонија Рита Колумбија, на која се разговарало за зајакнување на соработката и поддршката на процесите поврзани со развојот на земјата.

Вреди бара обвинение: Куќниот притвор на Артан Груби е при крај

Уште две недели остануваат до истекот на мерката куќен притвор за поранешниот прв вицепремиер Артан Груби, кој е осомничен во истрагата за случајот поврзан со Државната лотарија. Времетраењето на истрагата повторно стана предмет на политички препукувања. Од ВРЕДИ го обвинија Обвинителството дека постапката се одвива со бавно темпо и побараа од институцијата да објасни зошто сè уште нема обвинение во случајот.

To top