Македонија

Македонската правда под прашање: ВМРО-ДПМНЕ реагира на скандалот со Пешевска

ВМРО-ДПМНЕ издаде соопштение во кое тврди дека судството и обвинителството работат исклучиво под диктат на СДС и ДУИ, а правосудниот систем не е расположен да донесува пресуди во полза на обичните граѓани.

ВМРО-ДПМНЕ издаде соопштение во кое тврди дека судството и обвинителството работат исклучиво под диктат на СДС и ДУИ, а правосудниот систем не е расположен да донесува пресуди во полза на обичните граѓани.

– За ова говори и последната судска одлука, онаа за докторката Мери Пешевска од Клиниката за онкологија и радиотерапија која е најблаго кажано скандалозна – се наведува во соопштението.

Партијата објаснува дека Пешевска, заедно со уште неколкумина од клиниката, е обвинета за несовесно лекување пациенти, со предвидена казна затвор до три години. На рочиштето минатата недела, Пешевска изјавила дека не е сигурна дали таа ја продолжувала терапијата за седум пациенти, бидејќи нејзиниот печат бил оставен на шалтерот за да не чекаат пациентите.

– Пешевска сакала демек пациентите да не чекаат, си го оставила печатот, а за последиците очигледно не размислувала ниту таа, а се покажува и дека Судот не е баш заинтересиран за судбината на пациентите – додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според нив, Пешевска признала вина, а Судот и изрекол условна казна од две години, што значи дека таа е слободна доколку не стори ново кривично дело во тој период.

– Докторката само призна вина, а Судот со леснотија речиси ја ослободи?! – реагираат од партијата, додавајќи дека оваа одлука е неправедна, произволна или под влијание на надворешни фактори, и дека судството е „маша на Венко Филипче и СДС“.

– Ова судство само ја поткопува јавната доверба во правосудниот систем и претставува сериозно кршење на принципите на правдата, еднаквоста и владеењето на правото. Судството, воедно и обвинителството мора да се издигнат и да покажат дека постојат да им служат на граѓаните спроведувајќи закони, а не да служат на другарите на Зоран Заев, сега олицетворени во Филипче и уште неколкумина од раководството – завршува соопштението.

Основниот кривичен суд Скопје вчера и изрече условна казна затвор од две години на Мери Пешевска, која призна вина за несовесно лекување на седум пациенти, со цел да не се изврши доколку не стори ново дело во следните пет години. Пешевска е второобвинета во предметот „Онкологија“, каде првообвинет е поранешниот директор Никола Васев (кој не призна вина), заедно со уште двајца лекари: Симонида Црвенкова и Драган Јакимовски. Обвинението се однесува на периодот кога печатот на Пешевска бил оставен на шалтерот за олеснување на процедурата, а судењето продолжува за останатите обвинети. Оваа одлука предизвикала реакции од опозицијата, но нема официјални коментари од судот или обвинителството за политички влијанија.

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

To top