Македонија Спорт

Македонската тенисерка Лина Ѓорчевска се пласира во финале на турнирот во Куршумлиска Бања

Македонската тенисерка Лина Ѓорчевска се избори за финале на турнирот што се одржува во Куршумлиска Бања, откако во полуфиналниот меч ја совлада Русинката Дарија Астахова со 2-1, по сетови 2-6, 6-2 и 6-4. Нашата Лина не го започна најдобро мечот и го загуби првиот сет, но во продолжението успеа да ја наметне својата игра и […]

Македонската тенисерка Лина Ѓорчевска се избори за финале на турнирот што се одржува во Куршумлиска Бања, откако во полуфиналниот меч ја совлада Русинката Дарија Астахова со 2-1, по сетови 2-6, 6-2 и 6-4.

Нашата Лина не го започна најдобро мечот и го загуби првиот сет, но во продолжението успеа да ја наметне својата игра и возврати со иста мера во вториот сет. Астахова пружи отпор во решавачкиот сет, но клучен за Ѓорческа беше седмиот гем, кога успеа да го освои вториот брејк, пренесува Гол.мк

Во мечот за трофејот во Куршумлиска Бања, Лина Ѓорческа ја чека победничката од дуелот меѓу Мириам Булгару од Романија и Денислава Глушкова од Бугарија.

Извор: https://www.gol.mk/tenis/lina-gjorcheska-so-golem-presvrt-do-finale-na-turnirot-vo-kurshumliska-banja

Најнови вести од: Македонија Спорт

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

To top