Македонија

Македонски бомбаши добија високи затворски казни

Бомбашите одговараа за кривичното дело – Тешки дела против општата сигурност

По 7 години затвор добија двајца од бомбашите кои лани оштетија автомобили и објекти на ул.„Охридска” во Битола.

Основниот суд Битола им пресудил на бомбашите кои лани летото фрлија рачна бомба на улицата „Охридска“ во Битола и оштетија објекти и автомобили. Оштетени беа седум возила – „бмв”, „фолксваген”, „тојота”, „киа”, „рено” „матиз” и „тико”, сите со битолски регистарски ознаки. Имаше и оштетувања на прозорци и врати од околните куќи.

АПЛА дознава дека од вкупно четворица обвинети во оваа бомбашка акција, двајца добиле казни затвори од по 7 години, еден бил казнет на 2 и пол години затвор, додека четвртиот бил условно осуден.

Бомбашите одговараа за кривичното дело – Тешки дела против општата сигурност.

За фрлањето на рачна бомба М-75 на улицата „Охридска“ во Битола, настан кој се случи на 12 јули 2025, според истрагата беа опфатени четири лица, од нив тројца добиле ефективна затворска казна, додека едно лице добило условна казна. Во овој случај, четвртото лице се наоѓа во бегство за него е одредена мерка притвор и објавена меѓународна потерница.

АПЛА веќе објави дека уште лани во септември, постапувајќи во предметот против четворица осомничени за инцидентот од 12 јули 2025, кога рачна бомба експлодираше на улицата „Охридска” во централното градско подрачје на Битола, јавниот обвинител нареди вештачење со кое вкупната проценета штета на околните објекти и паркираните возила беше утврдена на 405 илјади денари.

Од тие причини, имајќи предвид дека станува збор за поголема имотна штета, Основното јавно обвинителство Битола изврши итна преквалификација на делото во потешко кривично дело.

„Против четворицата осомничени кои претходно се гонеа за предизвикување општа опасност од член 288 од Кривичниот законик, сега е отворена истрага за Тешки дела против општата сигурност од член 292 став 1 во врска со член 288 став 1 од Кривичниот законик. Обвинителството со прибраните докази ги утврди својствата на секој од осомничените, така што еден се товари за поттикнување, додека другите за дејствија на соизвршителство и помагање“, објави тогаш ОЈО Битола.

Според ОЈО Битола со прибраниот доказен материјал, утврдено е кој од осомничените ја поседувал и активирал експлозивната направа – рачна бомба М-75 која на граѓаните им е забранета, па против него беше отворена истрага и за – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи од член 396 став 3 во врска со ставовите 1 и 5 од Кривичниот законик.

Заради сите овие околности и фактот што против осомничените се водеше истрага ОЈО Битола до судијата на претходна постапка достави предлог со кој мерката притвор од 8 дена определена на 20 септември им ја замени со 30-дневен притвор.

По настанот, тројца од осомничените беа лишени од слобода, додека четвртиот не беше достапен на органите на прогонот од моментот на извршувањето на делото.

Најнови вести од: Македонија

Пијанистот Андреј Цековски (11) блесна во Њујорк: златен медал на престижен меѓународен натпревар!

Њујорк беше сцена на уште еден голем успех на младиот македонски пијанист Андреј Цековски. На само 11 години тој го освои првото место на меѓународниот натпревар „International Youth Music Competitions“. Признанието го прими на свечениот концерт на победниците. Ова го објави „Скопје1.мк’.

Утре започнува четвртото издание на „Taste the South“ на нова локација во Гевгелија

Утре, 11 септември, во Гевгелија започнува четвртото издание на гастрономско- музичкиот фестивал „Taste the South“. Во текот на три фестивалски дена, посетителите ќе имаат можност да уживаат во традиционални вкусови, локални гастрономски производи, вина, музика и програма наменета за сите генерации

(Видео): Нула денари од Буџетот за прославата за независноста, за разлика од 8,2 милиони евра „во воздух“ кај Груби и Бајрами, велат од Владата

На Државна лотарија ѝ било укажано да обезбеди средства од нераспределената добивка предвидена за 2024 година во висина од 300 милиони денари за спонзорирање на настаните како и да објави јавен повик за прибирање на понуди за реализација на спонзорираните настани.

Клековски: Западнонилската треска стивнува, на Клиниката за инфективни болести сe згрижени шест пациенти

Министерот за здравство Сашо Клековски вели дека епидемијата на западнонилската треска стивнува, за што говорат податоците дека во последните две седмици има по два нови случаја, а и на Клиниката за инфективни болести моментно се згрижени шест пациенти, од кои само двајца се во потешка состојба.

Најнови вести

To top