Македонија

Македонски конзул во Турција баран со потерница во Албанија

Огромен неплатен данок, шверцувани лекови со истечен рок

Властите во Албанија со меѓународна потерница го бараат Билал Кара, еден од сопстениците на групацијата ,,Санте плус” која има своја болница и во Македонија.

 

Албанските медиуми денеска објавија дека 45-годишниот Билал Кара, се бара со потерница од полицијата во Тирана, поради сомнежи за злоупотреби направени преку приватната клиника „Интернешнл Медикер“ – Албанија, поранешна „Санте Плус“ – Албанија.

 

Кара, кој е еден од сопствениците на Клиниката, во 2023 година беше именуван за почесен конзул на Македонија во Република Турција, со седиште во Измир.

 

,,Клиниката е блокирана откако се појавиле индиции дека не пријавила профит во вредност од 1 милион евра. Исто така, за време на проверките, полицијата откри дека оваа клиника давала лекови кои биле со истечен рок или шверцувани производи. Исто така, кај пет вработени беше утврдено дека се неосигурани, објавија албанските медиуми.

Најнови вести од: Македонија

Македонија воведува најстроги забрани против пушење, казни за граѓаните и до 300 евра

Државата подготвува целосно нов и значително построг Закон за заштита од пушење, со кој драстично се заоструваат правилата за употреба, продажба, рекламирање и промоција на тутунските и никотинските производи.

To top