Македонија

Македонскиот КИЦ во Загреб еден од партнерите на хрватската кино премиера на „Приказната за Силјан’

Македонскиот документарен филм

На покана на хрватскиот дистрибутер, македонскиот КИЦ во Загреб се јавува како еден од партнерите на кино-премиерата и дистрибуцијата во Хрватска на македонскиот документарен филм, „Приказната за Силјан“ на Тамара Котевска кој што својата премиера ја имаше на престижниот Меѓународен филмски фестивал во Венеција.

-Ова е одлична и ексклузивна прилика пошироката хрватска публика да го види најновото успешно остварување на македонската филмска документаристика. Македонскиот КИЦ во Загреб преку вакви соработки, не само што ги шири хоризонтите на регионалната културна сцена, туку доследно и достоинствено ја презентира македонската култура, филм и авторство надвор од националните граници, градејќи мостови на разбирање, дијалог и културна размена, вели директорката на македонскиот КИЦ во Загреб, Мими Ѓоргоска Илиевска.

„Приказната за Силјан“ е длабоко комплексно филмско дело кое својата наративна база ја пронаоѓа во народната митолошка приказна. Режисерката Котевска вешто користејќи ги особеностите и можностите на филмскиот јазик ја развива познатата приказна поврзувајќи го митското и минатото со сегашниот егзистенцијален момент. На овој начин, Котевска успева на своето дело да му даде силна безвременска и беспросторна димензија и да создава порака која ги преминува јазичните и културолошки меѓи и бариери на филмсите вљубеници ширум светот. Филмот отвора емотивни прашања и безброј можни одговори за местото на индивидуата во светот кој, сите ние, се обидуваме да го сфатиме и прифатиме.

Хрватскиот дистрибутер „Рестарт“ кино премиерата и почетокот на дистрибуцијата на „Приказната за Силјан“ во Хрватска ја најави за 28-ми јануари во ДокуКИно КИЦ во Загреб, а истата ќе се реализира во соработка со Volim Dokumentarce, платформа за дистрибуција на креативни ангажирани документарни филмови од земјите на поранешна Југославија и македонскиот Киц во Загреб.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Ставен под контрола пожарот кај селото Грачани, „ер-трактори“ им помагаат на скопските пожарникари

Пожарникарите велат дека ќе успеат да го изгаснат пожарот, притоа изразувајќи благодарност за вклучувањето на двата „ер-трактори“ кои помогнале во запирањето на стихијата на местата кои биле непристапни за екипите кои дејствуваат од земја. Како најтежок од денешните пожари, Ангелов го оцени оној што беснее помеѓу Општина Струга и Општина Кичево.

Изложбен простор „Samsung CONNECT“ се отвара на IFA 2026, носејќи ја иднината на живеењето со помош на вештачка интелигенција

Низ телевизори, дисплеи, мобилни уреди и домашни апарати, „Samsung“ демонстрира како вештачката интелигенција може да донесе практични придобивки и да го направи секојдневниот живот полесен и поинтуитивен.

To top