Македонија

Македонските ,,Ренџери” во врвот на еден од најтешките меѓународни тестови за издржливост, тимска работа и лидерство

Грците ги заболе што не се Ренџери од Северна туку Македонски ренџери

Македонските ,,Ренџери”, специјалната единица на Армијата на Република Македонија се најде меѓу најдобрите учесници на еден од најтешките меѓународни тестови за издржливост, тимска работа и лидерство.

Горд момент за баталјонот Ренџери на 🇲🇰!, стои во објавата на Твитер профилот на амбасадата на Велика Британија во Македонија.

Македонските Ренџери како што стои на нивното официјално знаме освоија бронзен медал на престижниот натпревар за воени вештини „Кембриска патрола“ – еден од најтешките меѓународни тестови за издржливост, тимска работа и лидерство.

,,Нивниот успех одразува извонредна подготовка, физичка и ментална отпорност и решително лидерство – вистински пример за извонредност во рамките на одбранбената соработка на Македонија и Велика Британија.

Ова достигнување ја истакнува континуираната посветеност на Велика Британија за зајакнување на Македонската армија и поддршка на нивната подготвеност за идните операции на #НАТО, стои во објавата на амабдата на Велика Британија.

Во објавата грчки активисти забележуваат дека Ренџерите не се именуваат како од Северна Македонија.

Најнови вести од: Македонија

„Србите се обидоа да го отрујат албанскиот амбасадор во Скопје, во израелската амбасада!“ – „бомба“ на Карамучо, за кого РМ е „картон-држава“, што „паѓа за 24 часа без Албанците“!

„БОМБА на Карамучо: Србите сакаа да го отрујат нашиот амбасадор во Скопје, внатре во израелската амбасада!“ – оваа вест вечерва, на 9 април 2026 година веднаш ја пренесоа  информативната агенција на Илирија-ИНА и голем број други медиуми на албански јазик во Македонија. Станува збор за изјава на д-р Артан Карамучо, професор по криминологија во Правниот факултет на државниот Универзитет во Тирана. Не е именуван дипломатот, за кого се изнесени овие свои бомбастични и сѐ уште непотврдени сознанија, но останува да се претпоставува: дали се работи за Денион Мејдани, моментниот албански амбасадор во Скопје? До овој момент нема прецизирање кога се случил наводниот „обид за труење“ на албанскиот амбасадор во Скопје. Карамучо, пак, завчера, на 8 април, за „Еуроњуз“ даде уште една, своја овојпат скандалозна изјава за Република Македонија, нарекувајќи ја како „држава од картон“, со тврдење дека „ќе падне за 24 часа без Албанците“!

Николоски: Македонија да ѝ се приклучи на иницијативата „Три мориња“ заради геостратешкиот интерес

Јасни се новите геополитички текови во светот и треба да бидеме паметни, нашата дипломатија да ја фати иницијативата „Три мориња” на нејзиниот зародок како геостратешки интерес на државата, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на панел-дискусијата „Транспортни коридори – геостратешки предуслов за економски просперитет и безбедносна архитектура во Југоисточна Европа – иницијатива 3 мориња”, што се одржа во Стопанската комора

Најнови вести

To top