Македонија

Македонските возачки дозволи повеќе не важат во Италија

Туристите и иселеници не можат да ги користат македонските дозволи

Македонските граѓани се соочуваат со проблеми при користењето и замената на возачките дозволи во Италија. Туристи пријавуваат дека компаниите за изнајмување возила одбиваат да им издадат автомобил само со македонска дозвола, додека иселениците со постојан престој повеќе не можат директно да ја заменат со италијанска.

Неколку македонски туристи кои деновиве престојуваат во Италија биле известени дека за изнајмување автомобил мора да приложат меѓународна возачка дозвола. Вработените во компаниите им објасниле дека добиле нови насоки за клиенти чии дозволи се издадени надвор од Европската Унија.

Дополнителен проблем претставува тоа што македонската возачка дозвола не се наоѓала во каталогот со обрасци што го користеле рент-а-кар компаниите за проверка на документите.

Ситуацијата е посериозна за македонските државјани кои живеат во Италија. Во моментов тие немаат можност директно да ја заменат македонската дозвола со италијанска, па за добивање локален документ треба повторно да ја поминат постапката за полагање.

Ова особено ги погодува лицата чие работно место зависи од управување со возило. Дел од иселениците се соочуваат со ризик да останат без работа поради неможноста навреме да обезбедат важечка италијанска дозвола.

На интернет-страницата на Министерството за внатрешни работи е наведено дека замената на дозволите издадени со називот „Република Северна Македонија“ во Италија во моментов не се спроведува. Старите дозволи со називот „Република Македонија“ формално биле опфатени со претходниот договор, иако македонските граѓани имале обврска да ги заменат до почетокот на 2025 година.

Причината за застојот, според достапните информации, е поврзана со разликите меѓу македонскиот и италијанскиот модел на возачки дозволи. Во македонскиот образец биле внесени дополнителни категории, меѓу кои и категории за управување со земјоделски машини, поради што италијанската страна побарала целосно ново усогласување.

Тоа значи дека двете држави треба повторно да ги усогласат документите, категориите и административните правила, а потоа да потпишат нов договор. По неговото стапување во сила треба да бидат известени надлежните институции, автошколите и компаниите за изнајмување возила.

Од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија велат дека македонската страна ги завршила потребните формалности и дека се очекува конечно одобрување од италијанските институции.

По завршувањето на усогласувањето треба да следува потпишување на договорот, со што повторно би се овозможило признавање и замена на македонските возачки дозволи во Италија.

Најнови вести од: Македонија

Поплавена зградата на „Нова Македонија“

Пет до шест дена ќе бидат потребни за нормално функционирање на зградата на „Нова Македонија“, откако е утврдено дека поплавата ја предизвикала пукната топловодна цевка на вториот кат, изјави директорот на Службата за општи и заеднички работи на Владата, Ивица Томовски.

Стојков: Грција и Бугарија ќе го користат примопредавањето на моштите на македонскиот цар Самуил за пропаганда против Македонија!

„Свечената“ објава на бугарскиот премиер Румен Радев дека в сабота, на 3 октомври, Грција ќе ѝ ги предаде посмртните останки од цар Самуил (починат 1014 година), одекна не како историско-научна сензација, туку токму така како што беше и конструирана – со политичко тенденциозност спрема Македонија. Ова се нагласува во статијата со наслов „Стојков: Не е сигурно дека моштите се на цар Самуил, а Бугарија и Грција немаат ни правна основа за нивно примопредавање“, која ја објави информативниот портал „МКД.мк“

(ВИДЕО) Разбиена е криминалната и терористичка група од Скопје, кај која е пронајдено знаме на „Исламска држава“! – Кривична пријава за тројца (Видео)

МВР информира дека вчера Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во соработка со Агенцијата за национална безбедност, Одделот за специјални полициски операции и СВР Скопје, под раководство на надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, спроведе координирана полициска акција, во која е сузбиена организирана криминална група од Скопје, инволвирана во вршење на кривични дела од областа на тероризам и недозволена трговија со оружје.

Мицкоски: Во судството има измеќарско малцинство, кое им слугува на СДС и ДУИ

Говорејќи за правосудството во емисијата „Под лупа“ на ТВ „Алфа“, претседателот на Владата Христијан Мицкоски истакна дека таму, покрај огромното мнозинство чесни луѓе, постои и измеќарско малцинство, кое им слугува на СДС и ДУИ.

Најнови вести

To top