Македонија

Македонско-грчко-бугарски спектакл в сабота во Скопје

По успешните реализации во Софија и Солун, „Кармина Бурана“ ќе биде претставена и пред скопската публика

Оркестарот на македонската Филхармонија на 20 јуни, со почеток во 21 часот, во Градскиот парк ќе ја изведе монументалната музичко-сценска кантата „Кармина Бурана“ од Карл Орф. Со овој спектакуларен настан ќе биде заокружена концертната сезона „Без Филтер“, објави Министерството за култура.

Покрај оркестарот на Филхармонија, во проектот учествуваат и музичари од Софиската филхармонија, Државниот симфониски оркестар од Солун, хорот на МОБ, детскиот хор „Пиколо“, како и хорот на Музичкото училиште од Солун.

Со изведбата ќе диригира маестро Најден Тодоров од Бугарија, кој е иницијатор на овој меѓународен проект. По успешните реализации во Софија и Солун, „Кармина Бурана“ ќе биде претставена и пред скопската публика.

Како солисти ќе настапат сопранистката Ана Дурловски, тенорот Николас Спанос од Грција и баритонот Иво Јорданов од Бугарија.

Најнови вести од: Македонија

Проверете си ги радијаторите!

Од Регулаторната комисија упатија апел до сите заедници на станари навреме да ги проверат внатрешните инсталации во објектите и да ги подмират евентуалните заостанати сметки за електрична енергија за топлинските потстаници, со цел старт на грејната сезона без неочекувани прекини и проблеми

Политико: ЕУ ќе им понуди пристап до единствениот пазар на земјите-кандидатки

Економските придобивки би биле условени и можат да се одземат ако земјите-нечленки се откажат од демократијата или споделуваат чувствителна технологија со непријателски настроени влади, се вели во планот

Професионалните возачи не се туристи!

Дури 77,5 отсто од нашиот извоз оди директно во ЕУ. Нелогично е возачите што ја опслужуваат европската индустрија да подлежат на истите шенгенски ограничувања од 90 дена како и туристите“, вели Даниел Матракоски, координатор за меѓународна соработка во Комората

To top