Македонија

Македонците во Албанија: Честит Денот на независноста на Македонија, таа е нашиот завет!

Македонската партија, Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ) и македонските друштва во Албанија, упатија честитка по повод 8 Септември – Денот на независноста, до сите Македонци, во татковината и каде и да живеат низ светот, порачувајќи: „Македонија е нашиот завет!“

-На 8 септември 1991 година, македонскиот народ со своето убедливо „ЗА“ на референдумот го потврди вековниот стремеж за слободна, независна и суверена македонска држава. Тоа беше остварување на сон за кој генерации Македонци се бореле, страдале и ги положиле своите животи. Во тој историски пат се и Македонците од Албанија, стои во честитката на МАЕИ.

Се додава дека од Илинденското востание, преку Народноослободителната борба, па сè до референдумот за независност во 1991 година, Македонците од Албанија биле и остануваат нераскинлив дел од македонскиот народ и од борбата за македонска слобода и државност.

-На 8 Септември 1991 година, и Македонците од Албанија, преку петиција испратена до македонскиот државен врв, го поддржаа референдумот и создавањето на независна македонска држава. Денеска, 35 години подоцна, Република Македонија и Македонците надвор од нејзините граници се соочуваат со нови предизвици. Македонците во Албанија денес се соочуваат со сериозни обиди за асимилација и негирање на нивниот македонски идентитет од страна на Бугарија. Затоа, повеќе од кога било, потребна е силна, принципиелна и долгорочна државна стратегија за заштита и поддршка на Македонците надвор од границите на Република Македонија, се наведува во честитката.

„Македонците од Албанија со гордост се дел од македонската историја и одбележувањето на овој голем празник. Биле и остануваат нераскинлив дел од македонскиот народ и од борбата за македонска слобода и државност!“ – празнична честитка на организациите на Македонците од Албанија

Македонско друштво „Илинден“-Тирана честитајќи го овој голем и значаен историски ден, додава дека во создавањето, зачувувањето и афирмирањето на македонската национална свест и стремежот кон слободна и независна Македонија, свој придонес дале и Македонците од Албанија.

-Со негувањето на македонскиот јазик, култура, традиција и националниот идентитет, Македонците од Албанија со гордост се дел од македонската историја и одбележувањето на овој голем празник. Нека е вечен споменот на сите оние кои придонесоа за слободна и независна Македонија. Да го чуваме, почитуваме и славиме овој голем ден со гордост, достоинство и љубов. Нека е честит 8 Септември – Денот на независноста на Македонија, стои во честитката на друштвото.

Денот на независноста го честитаа и друштвото „Преспа“ и здружението „ВМРО ДПМНЕ Албанија“ порачувајќи „Да го чуваме она што ни го оставија нашите предци и да им го пренесеме на генерациите што доаѓаат. Вечна да е слободна, независна и достоинствена Македонија“.

Најнови вести од: Македонија

Обвинителката која 5 години без докази го прогонува Жан Митрев ветува рационализација на предмети за да стане шефица на организиран криминал

Во правосудните кругови се шпекулира дека Хаџи Василева има поддршка од една обвинителка која е блиска на кругови блиски на кланот Заеви и дека во гласањето на обвинителите ќе бидат ангажирани мрежите на Зоран Заев во правосудството и нивните бизнис партнери

To top