Македонија

Макстил и во вториот квартал од 2026 година со повеќе од 20 пати пониски емисии на цврсти честички

Макстил продолжува со редовно следење и транспарентно објавување на податоците за емисиите на цврсти честички од своите емисиони точки

Макстил продолжува со редовно следење и транспарентно објавување на податоците за емисиите на цврсти честички од своите емисиони точки. Со вредности под 1 mg/Nm³, најновите резултати покажуваат дека емисиите се на исклучително ниско ниво во споредба со дозволените гранични вредности.

Во текот април, мај и јуни 2026 година, мерењата на емисионата точка Оџак од филтер постројка се движат од 0,25 mg/Nm³ во април до 0,87 mg/Nm³ во јуни, што е далеку под максимално дозволената граница од 20 mg/Nm³. Кај емисионата точка Оџак од пескара, каде што пропишаната гранична вредност е 30 mg/Nm³, измерените вредности во периодот април–јуни се движат од 0,8 mg/Nm³ во месец април до 1,02 mg/Nm³ во јуни.

Податоците од вториот квартал ја потврдуваат континуираната ефикасност на системите за контрола на емисиите во Макстил. Измерените резултати јасно покажуваат дека емисиите на цврсти честички се стабилни, контролирани и во целосна усогласеност со важечките еколошки стандарди и утврдените методологии за следење и контрола на емисиите, согласно барањата на Министерството за животна средина и просторно планирање и условите предвидени во А-интегрираната еколошка дозвола. При оценувањето се земени предвид и релевантните европски гранични вредности за емисии. Ваквиот начин на мерење и обработка на податоците обезбедува сигурни и веродостојни резултати, како и прецизен увид во состојбата со емисиите на цврсти честички од двете емисиони точки и нивната усогласеност со дозволените нивоа.

Редовното следење на емисиите е дел од поширокиот пристап на компанијата кон одговорно работење. Макстил останува фокусиран на примена на современи практики, континуирана контрола и мерки што придонесуваат за намалување на влијанието врз животната средина.

Компанијата и понатаму ќе продолжи со транспарентно информирање на јавноста и со активности насочени кон заштита на животната средина, како важен дел од својата долгорочна определба за одржливо работење.

Најнови вести од: Македонија

Емисиите од работата на „Титан Усје“ се под граничните вредности – Ако филтрите не работат производството запира

ТИТАН УСЈЕ ги поканува сограѓаните, невладините организации, граѓанските групи и медиумите да ја посетат компанијата во кое било време и да добијат одговори на сите прашања од јавен интерес.

Денес предадено во употреба новото основно училиште „Крсте Мисирков“ во скопско Ченто со 30 училници – вложени околу 2,8 милиони евра

Новиот објект на основното училиште „Крсте Мисирков“ во населбата Ченто во општина Гази Баба денеска свечено беше пуштен во употреба во присуство на премиерот Христијан Мицкоски, министерката за образование Весна Јаневска, градоначалникот Бобан Стефковски, како и наставници, ученици, родители и граѓани.

Охридското езеро денеска порибено со 100 илјади единки охридска пастрмка – во 2027 со уште 1 милион и 550 илјади

Охридското Езеро денеска ќе биде порибено со сто илјади единки охридска пастрмка, подмладок со просечна тежина од 4,2 грама, со што ќе биде заокружено порибувањето за оваа година – соопшти министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Борче Серафимовски при посетата на Хидробиолошкиот институт во Охрид. Тој оцени дека досегашните резултати во обновувањето на популацијата на […]

ВМРО ДПМНЕ за случајот „Михаилова“: Како може невролог да дава мислење за хирургиски зафат во Бугарија?!

ВМРО-ДПМНЕ упати обвинувања до докторот Барбов, Венко Филипче и Зоран Заев во врска со случајот со Ива Михаилова, барајќи одговори за медицинските постапки и одлуката за нејзино лекување во Бугарија.

Мицкоски: Се градат два гасоводни интерконектора, со тоа ќе се зголеми драматично геостратегиското значење на Македонија!

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговори на новинарско прашање во однос на гасификацијата до каде е процесот, којa ќе биде користа за граѓаните и кога може да се очекува да заврши.

Најнови вести

To top