Македонија

Малвер-замки во 2025 година: Како еден клик може да ве чини многу крипто-средства

Бидете внимателни и останете во целосна контрола врз вашите крипто средства

Годинава, фишинг-нападите стануваат сè пософистицирани, особено оние кои вклучуваат е-пошта со прикачени документи што содржат малвер. Сајбер-криминалците сега испраќаат реалистични пораки со ZIP документи кои, штом се отворат, незабележливо инсталираат штетен софтвер на вашиот уред. Често овие пораки доаѓаат од лажни профили кои се претставуваат како претставници на крипто берзи.

Еден случај од јуни 2025 ја покажува сериозноста на ситуацијата. Па така, корисник на Binance добил електронска пошта од лице што лажно се претставувало како менаџер. Прикачениот ZIP документ, заштитен со лозинка, инсталирал малвер и го компромитирал уредот. За само неколку часа, хакерите ги искористиле зачуваните API клучеви за да извршат неовластени повлекувања од друга држава. Нападот бил брз и разорен, а не барал ниту лозинка за пристап.

Овој нов бран на напади може да се движи од keyloggers кои ги снимаат вашите притискања на тастатурата до тројанци за далечински пристап (RAT) кои им даваат на хакерите целосна контрола. Крајната цел е да се добие целосна контрола врз вашиот уред и врз вашите криптосредства.

Сепак, Binance активно возвраќа. Безбедносни алатки како multi-factor authentication (MFA), passkey и поддршка 24/7 се достапни за да им помогнат на корисниците да останат заштитени. Најважно од сè Binance никогаш не испраќа ZIP или било каков друг вид на документи преку е-пошта и ги повикува сите корисници веднаш да пријават каква било сомнителна активност.

Како да се заштитите? Следете ги овие 5 совети:

1. Инсталирајте доверлив антивирусен софтвер.
2. Избегнувајте отворање прикачени документи од непознати извори.
3. Редовно прегледувајте ги вашите API поставки и дозволи.
4. Користете силни алатки за автентикација, како Passkey.
5. Следете ја активноста на вашата сметка и внимавајте насомнителни промени.

Доколку некогаш отворите сомнителен документ, веднаш исклучете го уредот, скенирајте го со антивирус и контактирајте го Binance Support тимот.

На крајот, најдобрата заштита е проактивен и информиран корисник. Бидете внимателни и останете во целосна контрола врз вашите крипто средства.

Најнови вести од: Македонија

Централниот Совет на Македонците во Германија до грчкиот пратеник Ворилас: Не преговараме за идентитетот

Македонскиот идентитет е жива реалност – во Германија, во Грција и ширум светот. Тој не подлежи на политичко одобрување и не може да биде оспорен преку провокации или парламентарни изјави

Над 20.000 Македонци ја напуштија земјата за продолжениот викенд

Министерството за внатрешни работи вели дека сите човечки и технички капацитети се ставени во функција за забрзување на протокот на патници. Пракса е речиси секој продолжен викенд голем дел од македонските граѓани да го поминуваат во странство

Почина сликарот Илија Пенушлиски

Илија Пенушлиски е роден во Скопје 1947. Дипломирал на Академијата за ликовни уметности во Белград во 1971 година. Во 1972/73 бил на постдипломски студии на институтот „Прат“ во Њујорк и има бројни самостојни изложби во земјава и во странство. Неговата последна изложба, изложба „Градот“, каде за првпат во својата плодна и светска кариера работи со дигитална графика, беше во 2018 во скопската галерија „Акантус“.

To top