Македонија

МАН: Мора кривично да одговара Филипче, кој ги брани интересите на Бугарија и врши притисок врз новинари и ВМРО-ДПМНЕ да бидат во функција на бугарското вето!

Поради континуирани сериозни закани, навреди, клевети, политички притисок, загрозување на слободата на говорот и создавање непријателска атмосфера, заклучно и потенцирано со денешниот прес на Венко Филипче, претседател на СДСМ, кон сите професионални медиуми што не се под контрола на СДСМ, особено кон телевизијата „Алфа“, Македонската асоцијација на новинарите (МАН) го повикува Јавното обвинителство веднаш и неодложно да преземе мерки против Венко Филипче, претседател на СДСМ, за закани и напади кон службено лице, односно спречување службено лице во вршење службено дејство согласно со Кривичниот законик – пишува во денешното соопштение на МАН.

Натаму МАН наведува: – Го повикуваме Јавното обвинителство веднаш и недложно да ги заштити медиумските работници кои се под континуирани сериозни закани од СДСМ, нивните функционери и претседателот на партијата Венко Филипче. Во согласност со Кривичниот закон, заканите кон новинар, снимател или друг медиумски работник кој врши професионална задача се третира како напад врз службено лице.  – Ја повикуваме Агенцијата за аудиовизуелните медиумски услуги да застане во заштита на професионалните медиуми. Истовремено, известуваме дека МАН веќе е во комуникација и со Европската и со Светската федерација на новинарите за прогонот што СДСМ го прави против професионалните медиуми.

Во континуитет, 20 години партијата СДСМ прогонува, напаѓа, тепа, им се заканува на новинари и на медиуми што не се под нивна контрола. Тоа се случува во мандат на последните 3 претседатели: Венко Филипче, Зоран Заев и Радмила Шекеринска. Кривичната одговорност на Венко Филипче е јасна и недвосмислена. Политичката одговорност на Венко Филипче, претседател на партијата СДСМ, е исто така очигледна. Унгарија е членка на ЕУ и НАТО и како таква е неоспорна и неоспорена. И заедно со Словенија и Хрватска е најсилен поддржувач од земјите на ЕУ за наше членство во Унијата.

Тоа што Венко Филипче и во овој прес ги брани интересите на Бугарија и врши притисок врз новинари и врз партијата ВМРО-ДПМНЕ и тие да бидат во функција на бугарското вето е негова политичка одговорност и цена што СДСМ скапо ја плаќа на избори., посочи МАН во своето соопштение,.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Ставен под контрола пожарот кај селото Грачани, „ер-трактори“ им помагаат на скопските пожарникари

Пожарникарите велат дека ќе успеат да го изгаснат пожарот, притоа изразувајќи благодарност за вклучувањето на двата „ер-трактори“ кои помогнале во запирањето на стихијата на местата кои биле непристапни за екипите кои дејствуваат од земја. Како најтежок од денешните пожари, Ангелов го оцени оној што беснее помеѓу Општина Струга и Општина Кичево.

Изложбен простор „Samsung CONNECT“ се отвара на IFA 2026, носејќи ја иднината на живеењето со помош на вештачка интелигенција

Низ телевизори, дисплеи, мобилни уреди и домашни апарати, „Samsung“ демонстрира како вештачката интелигенција може да донесе практични придобивки и да го направи секојдневниот живот полесен и поинтуитивен.

To top