Македонија

МАН: Наместо за ТВ АЛФА ОЈО да го истражи перењето пари за СДСМ преку Фондацијата Заеви и маркетинг-агенцијата „Токио“, поврзано со експремиерот Ковачевски!

Откако СДСМ не утврдил незаконитости и неправилности во период на неговото владеење за кое се однесува кривичната пријава, сега бараат институциите од новата влада да најдат нешто што тие не го нашле и што не постои. Сѐ може да се смени, само СДСМ останува прогонител! – се вели во реакцијата на Македонската асоцијација на новинари (МАН).

Македонската асоцијација на новинари (МАН) од објави на порталите дознава дека СДСМ поднел кривична пријава против правни и физички лица во врска со телевизијата Алфа зa перење пари, даночно затајување и фалсификување деловни книги, меѓу кои „Таргет медиа“ Скопје, „Алфаскоп“ ДОО, потоа сопственикот и основачот на „Таргет медиа“, како и управителите на „Таргет Медиа” и „Алфа Скоп” ДОО.

„Подносителот на пријавата, политичката партија СДСМ не дава докази или околности во врска со своето тврдење, туку наведува во што се сомнева, а сомневањето не го поткрепува. Вака поднесена кривична пријава ја сметаме за експлицитен и брутален притисок врз ТВ Алфа против која СДСМ води јавна војна веќе со години наназад.“ – реагира МАН

Натаму МАН истакнува: СДСМ беше на власт 7 години, и тоа во периодот кој го посочува дека се извршени делата за кои тие се сомневаат и денеска поднеле кривична пријава. Доколку имало незаконско работење на ТВ Алфа во тие 7 години, преку владините институции и судовите под нивна контрола СДСМ можеле тогаш да поднесат кривична пријава и да очекуваат процес. Но, и покрај сите контроли од сите институции на владата на СДСМ, не се утврдени кривични дејствија ниту пак се утврдени некакви неправилности во работењето на ТВ Алфа и пријавените во кривичната пријава.

Откако СДСМ не утврдиле незаконитости и неправилности во период на нивното владеење за кое се однесува кривичната пријава, сега бараат институциите од новата влада да најдат нешто што тие не го нашле и што не постои. Таргетирањето на политичка партија и ваков брутален притисок кон еден медиум со национална фреквенција, МАН и јавноста го доживуваат како обид за уништување на слободата на јавното мислење и новинарската професија.

А кога веќе отвора прашање за перење пари преку маркетинг, обвинителството и СДСМ треба да седнат и утврдат дали и како се переле пари за партиски потреби на СДСМ преку Фондацијата Заеви и преку маркетинг агенцијата Токио, која се поврзува со нивниот поранешен премиер Димитар Ковачевски. Уште еднаш го повикуваме јавното обвинителство по службена должност да си преземе мерки против политичката партија СДСМ и нејзините функционери согласно со Кривичниот закон, бидејќи, заканите кон новинар, снимател или друг медиумски работник и медиум кој врши професионална задача се третира како напад врз службено лице“ – се вели во соопштението на Македонската асоцијација на новинари (МАН)

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

To top