Македонија

Манасиевски: Aдвокати на Заев ги убедувале обвинителите од СЈО да се ослободат лица од притвор

СЈО како партиски штаб на СДС

Членот на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, денес одржа прес-конференција на која говореше за сведоштвата на екс-обвинителката од СЈО, Лејла Кадриу. Кадриу говореше за поврзаноста на СЈО со тогашната власт на СДСМ.

Сведоштвата на обвинителката Лејла Кадриу од поранешното СЈО, се доказ за тоа како Зоран Заев го отвори правосудството како пупка. СЈО бил претворен во партиски штаб на СДС. Зоран Заев и СДС во тоа време ветуваа некаква вистина и правда за Македонија, но освен политички прогон, политичко монтирани случаи и изживување врз поранешни политичари, друго граѓаните не добија. Обвинителката Кадриу, во интервју сведочи дека во еден момент, дури 4 адвокати на Зоран Заев, дошле во СЈО, да ги убедуваат обвинителите да се пуштат лица од притвор за предметот „Пуч’’. Биле убедувани да дадат позитивно мислење за да може предметот да се преземе од ОЈО ГОКК, за да може предметот да биде работен од токму СЈО. Истиот овој предмет, потоа бил и донесен во СЈО, спакуван во некакви кутии и обвиен со заштитна фолија. Овој предмет требало да го работат обвинителките Ленче Ристоска и Лиле Стефановска. Толку бил влечкан овој предмет и обвинителките не оделе на рочиштата, што според обвинителката Кадриу, овој предмет ден денес ако го најдеме некаде се уште би бил во некоја заштитна фолија, ниту отворен, ниту разгледан. Дополнително, обвинителката Кадриу сведочи дека во уште минимум два предмети, додека таа била во СЈО, биле политички монтирани. Едниот е случајот за кој беше обвинета поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, а другиот е случајот со Нешковски, случај со кој СДС излажа многу граѓани, ветуваше некаква вистина, за на крај да излезе дека нема никаква институционална одговорност. Заев и СДС тогаш беа спремни да направат се само за да дојдат на власт и успеаја во намерите. Го лажеа својот народ и му ветуваа приказни, кои и ден денес се потврдуваат дека се лажни. СЈО и Катица Јанева беа користени само за Зоран Заев и СДС да дојдат на власт. По нивното искористување, сите знаеме како заврши таа приказна. Затоа, го повикуваме ЈО да покаже дека се ослободило од канџите на Зоран Заев и СДС, и да ги истражи овие сведоштва на поранешната обвинителка од СЈО, Лејла Кадриу, за вистината конечно да излезе на виделина!

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Практичниот дел на правосудниот испит ќе биде на македонски јазик! ДУИ дрско се обидува да потпали меѓуетничка напнатост!

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во одговор на новинарски прашања појасни дека предложеното решение за полагање на правосудниот испит предвидува два дела, при што теоретскиот ќе може да се полага и на албански, турски или англиски јазик, додека практичниот дел ќе биде исклучиво на македонски јазик и кирилско писмо.

Ѓорѓиевски: Скопје ја памети цената на слободата и нема да ги заборави оние што ги дадоа животите

Потсети дека на денешен ден, по неколкудневни тешки борби со фашистичкиот окупатор, борците од 42-та и 50-та народноослободителна дивизија и 16-та македонска бригада го ослободиле Скопје

Мицкоски: Новите измените на Кривичниот законик нема да важат ретроактивно

Ја обвини поранешната влада на СДСМ и ДУИ дека со претходните измени на законите, донесени по скратена постапка и со европско знаменце, имала намера да се заштити од одговорност за криминал

Мицкоски: СДСМ и ДУИ си скроија закон за да се себеамнестираат од сторените криминали

Имаа двојна цел. Првично да се себеамнестираат од сторените криминали, за кои што постојат основани сомненија, додека тие беа Влада и второ, мислеа дека на тој начин на некои поранешни структури од ВМРО-ДПМНЕ ќе им овозможат политичка амнестија

To top