Македонија

Манасиевски: Над 700.000 денари Апасиев ставил во неговиот џеб од парите на партијата Левица

Лицемерието на Апасиев и Левица е огромно

Над 700 илјади денари Апасиев ставил во неговиот џеб од парите на партијата Левица, пари кои ги добива од граѓаните преку Буџетот на државата. Димитар Апасиев, кој пред јавноста се претставува како чесен и скромен човек, земал над 700 илјади денари од касата на партијата Левица, за свои приватни потреби, вели Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

Во продолжение следува интегрален текст од неговата прес-конференција

Лицемерието на Апасиев и Левица е огромно, од една страна не земаат патни трошоци како пратеници и глумат скромни пред камера, меѓутоа позади камерaте, ја молзат и цицаат партијата, правејќи стотици трансакции и земајќи стотици илјади денари за свои лични потреби.

Имено, на ден 17.03.2023 година, Апасиев земал 52.000 денари нето, од партиската каса за приватни цели, можеби ја реновирал кујната. На 14.04.2022 година, земал 25.480 денари, потоа на 12.07.2022 година, земал 27.300 денари, па на 19.08 истата година – 24.050 денари, и така натаму и така натаму, за да Апасиев достигне до сума над 700 илјади денари средства земени во неговиот џеб од сопствената партија.

Почитувани, крајно лицемерно е Апасиев да глуми жртва и скромност пред јавноста, додека во позадина краде од Буџетот на неговата партија. Пари кои граѓаните ги донираат на таа партија, Апасиев си ги користи за свои приватни цели. Замислете ваков човек како Апасиев да добие можност да води општина, град или пак Влада. Буџетот ќе се потроши за рекордно брзо време, рече тој.

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

To top