Македонија

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

ВМРО-ДПМНЕ посочува на системски проблеми

На денешната прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, оцени дека случаите „Ласкарци“, „Модуларна болница“ и „Мазут“ јасно покажуваат дека правосудниот систем не функционира како што треба и дека сè уште е поврзан со поранешните владејачки гарнитури.

Тој нагласи дека во случајот „Ласкарци“ загинаа 16 лица, а пресудата е укината. За пожарот во модуларната болница, каде што животот го загубија 14 лица, според него сè уште нема подигнато обвинение. Го спомена и случајот „Мазут“ во вредност од 167 милиони евра, за кој истрагата била сопирана.

Манасиевски оцени дека ваквите исходи не се случајни, туку резултат на правосудната структура поставена од СДСМ и ДУИ, која и понатаму ги штити нивните кадри и интереси.

„СДС и ДУИ ја загубија власта, но нивните судии и обвинители останаа последната линија на одбрана на системот што го создаваа со години“, рече Манасиевски.

Тој ги именуваше Ислам Абази, Вилма Русковска, Добрила Кацарска и Африм Фидани како дел од судиите и обвинителите кои, според него, ги бранат поранешните функционери на СДСМ и ДУИ. Според портпаролот, кога станува збор за лица од тој политички круг, предметите се одолговлекуваат, истрагите се затвораат, а пресудите се поништуваат.

„Тоа е причината зошто граѓаните не му веруваат на правосудството“, порача Манасиевски.

Тој заклучи дека од Ласкарци и модуларната болница, па сè до „Мазут“, се работи за истата правосудна мрежа која ги покрива истите политички структури.

„Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ. Времето на недопирливите мора да заврши. Одговорност мора да има за секого“, порача Манасиевски.

Најнови вести од: Македонија

Македонската култура во фокусот на 35. Меѓународен саем на книгата во Абу Даби

Во рамки на програмата „Балканска култура – почесен гостин“, Македонија на посетителите им претставува дел од своето богато и повеќеслојно културно наследство, како и современата книжевна продукција

To top