Македонија

МАНУ станува вистински панаѓур, столбот на македонскиот фолклор удри по научниот ,,Бит Пазар”

Наследникот на легендарниот Марко Цепенков со брутална анализа за МАНУ

Столбот на македонската фолклористика Марко Китевски удри по научниот ,,Бит Пазар” како што тој ја нарекува Македонската академија на науките и уметностите.

Човекот кој има добиено огромен број награди за своето монументално дело и кој над половина век издава книги, собира народни умотворби смета дека МАНУ во кој нема ниту еден фолклорист  е пазар каде се лобира и се вели трговија со не се наградува или поддржува науката.

За Китески кого го сметаат за единствен наследник на легендарниот Марко Цепенков МАНУ е обичен панаѓур.

,,Можете ли да замислите и покрај тоа што имаме богато народно творештво, и покрај тоа што со фолклорот најдобро се докажува националната самобитност од основањето на нашата највисока научна институција МАНУ, досега во оваа институција нема ниту еден фолклорист, ниту еден етнолог. Не дека сме немале научници, еве за пример го наведувам професорот Пенушлиски кој одбележа цела една епоха во нашата наука за фолклорот”, вели Китевски.

 

На прашањето од интервјуто за Денешен: Зошто некој како Кирил Пенушлиски никогаш не стана член на МАНУ?, Китески одговара со поразителни факти за македонската највисока научна институција.

 

,,Затоа што во МАНУ не се влегува со дело, туку со лобирање. Кога се распишува конкурс за нови академици Бит Пазар се преселува на кејот покрај Вардар. МАНУ станува вистински панаѓур. А професорот Пенушлиски беше човек со достоинство. Еднаш кога беше предложен од страна не неговиот матичен факултет, во одделението во МАНУ му направија некои интриги и не го предложија на Собрание, тој потоа одбиваше да се кандидира. Велеше, треба да се има образ, на мегдан еднаш се излегува, на тие што еднаш ме навредија нема да им дадам шанса пак истото да го направат”, вели Китевски во интервјуто.

Целото интервју на Китевски за Денешен

https://denesen.mk/intervju-so-marko-kitevski-nie-sme-zemja-na-istoriski-komisii-na-kvazi-nauchnici-i-na-manu-koja-se-seli-na-bit-pazar/

Најнови вести од: Македонија

Може ли Мерко да си го купи службеното „ауди“?

Мерко беше обвинет и гонет за злоупотреба на службената положба, затоа што набавил четири службени возила меѓу кои и аудито, во услови кога општината имала неподмирени долгови и блокирана жиро-сметка, сепак, на почетокот на јуни 2025 година беше ослободен од вина

До 5-ти февруари аплицирање на студентски оброк

Правото на субвенциониран студентски оброк е наменето за редовни студенти на додипломски студии со месечен приход понизок од минималната нето плата, како и за студенти запишани на постдипломски и интегрирани студии на државните и приватните универзитети во земјава

Новинарката Лиридона Вејсели испрати жалба до апелација

Новинарката Лиридона Вејсели поднесе жалба до Апелациониот суд против пресудата на Основниот суд во Гостивар, со која е осудена на глоба од 700 евра за кривично дело „злоупотреба на лични податоци“ – поради тоа што во својот новинарски текст го објавила името и презимето на судијата Назиф Иљази од Основниот суд во Тетово.

To top