Македонија

Марена добива уреден и модерен кеј со помош на Фондацијата „Илија Камчев“

Инвестицијата е во вредност од 300 000 евра и се очекува проектот да биде реализиран за краток период

Кавадаречкото село Марена добива уреден и модерен кеј на Овчка Река кој е поддржан од Фондацијата ,,Илија Камчев”.

Денес во посета на Општина Кавадарци беше фамилијата Камчеви кои се инвеститори на овој проект преку Фондацијата Илија Камчев, објави градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев.

Инвестицијата е во вредност од 300 000 евра и се очекува проектот да биде реализиран за краток период.

Општина Кавадарци упати огромна јавна благодарност до фамилија Камчеви за оваа донација која во целост ќе го промени ликот на селото Марена.

Еден од најуспешните македонски бизнисмени од Илија Камчев чие име ќе го носи новиот кеј во Марена по потекло е токму од селото Марена.

Со оваа донација неговото семејство ќе остави белег и подобри услови за живот како за сегашните така и за идните генерации, порача градоначалникот Јанчев.

,,Ние како семејство сме среќни што сме во можност да го донираме овој проект уште повеќе што го поврзува родното место на мојот татко со Кавадарци”, изјави бизнисменот Јордан Камчев во име на семејството на Илија Камчев се заблагодари на општина Кавадарци за спроведување на проектот.

Видео сторијата е на КТВ

Најнови вести од: Македонија

ОН: Бугарија ја прекршила слободата на здружување со одбивањето да регистрира организација на Македонци

Постоењето на здруженија кои мирно промовираат идеи за толеранција и коегзистенција на различни етнички групи мора да се заштити, дури и ако нивните ставови не се споделуваат од властите или од мнозинството на населението – изјавила Ивон Дондерс, членка на Комитетот за човекови права на ОН

To top