Македонија

Марија од Германија и зошто дијаспората треба да гласа електронски на избори

Затоа наместо стравови, ширење паника и одбивање на секоја промена, време е да почнеме да размислуваме како модерна европска држава

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник Драган Ковачки преку пример објаснува зошто дијаспората треба да добие шанса да гласа електронски на избори.

,,Замисли ја Марија, која живее и работи во Германија веќе 8 години.
Избегала од татковината оти не гледала иднина во тоа време.

Таа плаќа данок таму, во Германија, но сепак сака да го оствари своето Уставно загарантирано право и да гласа за иднината на својата земја, за родителите кои останале, за селото или градот во кои израснала, за иднината која сака да ја гледа поинаква.

Но, за да го оствари тоа право, таа мора:

– Да земе слободен ден од работа
– Да патува 2-3 часа до амбасадата,
– да чека во ред со стотици други луѓе

Фактот е следен: Стотици илјади граѓани од дијаспората едноставно не го остваруваат тоа право, не затоа што не сакаат, туку затоа што системот физички не обезбедил услови за тоа.

И затоа тука го поставувам прашањето до опозицијата: ќе бидеме искрени и ќе бидеме конкретни и ќе го овозможиме тоа право на сите граѓани во дијаспората кои секојдневно праќаат финансиските средства во Македонија, или ќе бидеме против Уставно загарантираното право”,вели Ковачки и прашува дали ќе одиме напред или ќе останеме заглавени во 1990?

,,Не можам да ја сфатам одбивноста кон технологијата за која лично сметам дека мора да ја искористиме во функција на демократијата и остварување на Уставното право на глас на сите граѓани.

Дополнително, за појаснување и за разбивање на плитките стравови на опозицијата и кај дел од нивните поддржувачи:

Прво, плаќаме сметки преку интернет, значи парите минуваат преку сервери кои никогаш не сме ги виделе, преку меѓународни платежни мрежи (SWIFT, Visa, Mastercard), кон банка во друга држава, на лица кои никогаш не сме ги сретнале.

Понатаму, во делот на плаќањето преку интернет, иʼ веруваме на банката за нашите пари кои потенцијално се неповратни ако нешто тргне наопаку, нели?
Зошто не сакаме да веруваме на систем за гласање кој дозволува да се провери гласањето и да се промени гласањето ако некој се предомислил, а не верува во самото гласање дури и ако има независни ревизори?

Друго, секојдневно имаме Online купување од странство, не од Македонија.
Секој ден некој нарачува од Amazon, AliExpress, Temu и плаќа однапред на компанија или физичко лице во Кина, САД или Германија. Неговите пари веднаш одат кон непознат продавач.

Логиката е дека ако нешто тргне наопаку, платформата гарантира заштита. Истата логика важи за е-гласањето, односно ќе постојат механизми за проверка и измена.

Понатаму, за здравствените податоци👇

Приватните клиники чуваат наоди во облак (cloud), достапни преку интернет систем кои никогаш не сме ги виделе физички. Лекар во друг град пристапува до тие резултати за секунди.

Веруваме дека шифрирањето ги штити нашите интимни податоци. А гласањето, кое е анонимно, наеднаш е “премногу чувствително” за истата технологија?

Луѓе, па веќе има дигитален потпис на договорите. Значи, купуваш стан, потпишуваш договор за вработување преку DocuSign или слични системи.

Никој физички не те гледа како потпишуваш туку систем потврдува дека си ТИ, преку код или биометрија.

Значи потпишуваш и прифаќаш правно обврзувачки договор, со финансиски последици во илјадници евра и иʼ веруваш на технологијата.

Некои банки и нотари веќе дозволуваат идентификација преку видео повик, значи гледаш човек преку екран, потпишуваш дигитално и готово.

Ова значи дека веќе прифаќаме дека идентитетот може да се потврди на далечина, без физичко присуство. Ова е тој докажан принцип на естонскиот е-ID систем за гласање.

Не заборавајте дека некогаш носевме готовина (кеш) бидејќи ни беше “сигурна” во џеб.
Денес плаќаме бесконтактно преку апликација. (ApplePay или GooglePay итн.)

Денеска никој не вика “ќе се вратам на кеш затоа што сум посигурен”.

Едноставно, технологијата стана попрактична и со соодветна заштита, стана побезбедна од носење пари кои можат физички да се украдат.

Понатаму, се поставува прашањето; кога гласаме со хартиено ливче, дали процесот е совршен?

Не.

Ливчиња можат да се поништат поради грешка. Записниците можат погрешно да се пополнат. Кутиите се транспортираат со часови. Пликовите од странство можат да се изгубат. Луѓе бројат, препишуваат и внесуваат резултати. Секој чекор е човечки фактор, а човечкиот фактор носи можност за грешка.

Па сепак, никој не вели дека затоа треба да престанеме да гласаме, нели?

Истото важи и за електронското гласање.

Никој сериозен не тврди дека постои систем со нула ризик. Прашањето е едноставно: кој систем подобро ги контролира ризиците?

Во дигитален систем секој чекор остава трага, постојат криптографски проверки, независни ревизии и можност самиот гласач да провери дали неговиот глас е евидентиран правилно.

Кај хартијата, ако еднаш ливчето влезе во кутијата, граѓанинот повеќе нема никаква можност да провери што понатаму се случило со неговиот глас.

Затоа не е доволно некој само да каже: „Хартијата е побезбедна.“

По што е побезбедна?

Затоа што е хартија?

Затоа што така сме правеле пред 30 години?

Или затоа што едноставно се плашиме од промени?

Естонија веќе две децении покажува дека современите технологии можат успешно да се применат и за избори. Не зборуваме за експеримент, туку за решение што функционира во земја членка на ЕУ и НАТО.

Значи, 20 (дваесет) години интернет гласање!!!
Во 2023 година, повеќе од половина од сите гласачи (51%) гласаа преку интернет – не мала експериментална група, туку МНОЗИНСТВО на нацијата.

Затоа, кога некој автоматски ја отфрла секоја идеја за дигитализација на Уставно загарантираното право на глас и тоа без аргументи, не ја брани демократијата.
Ја брани навиката и се плаши од резултатот од тоа гласање заради сопствената слава понуда.

Јас сум на став дека политиката не смее да биде кочница на развојот. (!!!)

Најлесно е да се каже „не може“. Потешко е да се понуди решение.

А решението постои.

Прашањето повеќе не е дали технологијата е подготвена.

Прашањето е дали има политичка волја Македонија конечно да престане да размислува како во 1990 година.

Дијаспората не бара привилегија.
Бара Уставно право што реално ќе може да го искористи.

Затоа наместо стравови, ширење паника и одбивање на секоја промена, време е да почнеме да размислуваме како модерна европска држава.

Почитувани граѓани, бидете критични. Поставувајте прашања. Барајте докази. Но не прифаќајте како аргумент реченици од типот „не може“ или „така отсекогаш било“. Тоа што било поминало. Време е за промени и за напредок.

Верувајте дека општеството што се плаши од напредок никогаш нема да го стигне.

Дијаспората заслужува право да гласа без да мора да патува со часови, да губи плата за еден работен ден, или едноставно да се откаже затоа што логистиката е премногу тешка.

Технологијата постои. Решенијата за стравовите (хакирање, притисок, злоупотреба) веќе се дел од системи кои функционираат со децении низ Европа.

Единственото нешто што недостасува е политичка волја да престанеме да се плашиме од иднината и да почнеме да ја градиме”, пишува Ковачки.

Најнови вести од: Македонија

Клучката кај Момин Поток ќе биде завршена до Нова година

Градежните работи на клучката кај Момин Поток се 75 проценти реализирани. Овој потег ќе биде завршен до Нова година, а по пуштањето во употреба сериозно ќе го намали метежот и ќе овозможи сугурен, безбеден сообраќај, рече денеска градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски, кој заедно со премиерот Христијан Мицкоски изврши увид во градежните работи.

Мирка Гинова, симболoт на македонскиот идентитет и непокор во Егејска Македонија – 80 години од смртта

На денешен ден, на 26 јули 1946 година е стрелана Мирка Гинова, национален деец и борец за македонската кауза и слобода во Втората светска војна и Граѓанската војна во Грција. „Мирка Гинова била многу активна во организирањето на отпорот против особено жестокиот терор врз Македонците во Егејскиот дел на Македонија, спроведуван од грчката десница и грчките државни органи. Секојдневно го организирала македонскиот народ. Со својата активност станала позната во цела Егејска Македонија, но и за грчката полиција, која поради тоа настојувала да ja убие.“ – пишуваат универзитетските професори-историчари д-р Лилјана Пановска и д-р Тодор Чепреганов во своја научна статија. Гинова е првата жена и Македонка, стрелана во Грција од политички причини. Посмртно е прогласена како народен херој од Македонија.

Мицкоски: Опозицијата шири хистерија, Владата остварува резултати – во рекорден рок решен проблемот во Гостивар

Политиката на опозицијата е да конструира лаги и да шират хистерија, а политика на Владата е да остварува резултати. Ние така и ќе продолжиме, порача премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање.

ВМРО ДПМНЕ: СДС им излегува пресрет на ДУИ и Таравари и не бара одговорност од Валбон Лимани, кој е таму благодарение на нив

„СДС, како и секогаш, така и сега одлучи кризата во Гостивар да ја претвори во игранка за да си собери некој поен плус. Но, никако од СДС да слушнеме да побараат одговорност од градоначалникот на Гостивар, Валбон Лимани, кој не се чувствувал виновен за тоа што здравјето на граѓаните е загрозено.“ – нагласува ВМРО ДПМНЕ во своето соопштение.

Скопје одбележува 63 години од катастрофалниот земјотрес – трагедија, од која никна „Градот на солидарноста“

Денес се навршуваат 63 години од катастрофалниот скопски земјотрес, трагедија што засекогаш остана запишана во колективното помнење на скопјани и сиот македонски народ. Во 5 часот и 17 минути, додека поголемиот дел од скопјани сè уште спиеле, силен земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала (9 степени според Меркалиевата скала) го погодил градот. Потресот траел само дваесетина секунди, но тие неколку мигови биле доволни за да однесат илјадници животи, да урнат цели населби и засекогаш да го променат изгледот на Скопје.

Најнови вести

To top