Македонија

Македонија произведува 132 илјади тони лубеници годишно, но сепак годинава од јануари до јули увезла 5924 тони лубеници!

„Македонија увезува лубеници, иако ги има и за извоз!“ – нагласува Македонската информативна агенција – МИА во својата анализа.

Натаму МИА истакнува: Производството на бостан (дињи и лубеници) во земјата во последните десетина години се движи приближно на 130 илјади тони. Со бостан лани биле засадени 4.999 хектари површина со вкупно производство од 132.323 тони, или во просек по 26.566 килограми од хектар.

Анализата на МИА на податоците на Државниот завод за статистика покажува дека иако домашното производство на бостан останува стабилно и Македонија во последните пет години има повеќекратно поголем извоз од увоз на лубеници. Најголем извоз имаме во 2022 година кога биле извезени 11.378 илјади тони, а следната 2023 имаме најнизок извоз од 5.809 илјади тони. Во 2024 година повторно извозот се зголемува и изнесува 10.181 илјада тони, а лани биле извезени 7.408 илјади тони лубеница.

Но, во првите седум месеци годинава биле извезени 4.381 илјада тони лубеница, а увезени се 5.924 илјади тони, што е рекорд во апсолутни бројки во однос на последните неколку години. Во 2022 година сме увезле 1.589 илјади тони лубеница, 2023 година 2.178 илјади тони за во 2024 да го удвоиме на 2.850 илјади тони, а лани е веќе тројно зголемен увозот на лубеници и достигнува 4.757 илјади тони.

Најмногу лубеници увезуваме од Албанија, која има удел од 78 % во вкупниот увоз на лубеници во последните пет години, потоа следува Грција со 16,3 % и Турција со 3,1 %. Во последните пет години Албанија стана доминантен снабдувач на македонскиот пазар со лубеници. Нејзиниот удел пораснал од речиси 50 % во 2022 година на приближно 89 % во 2025 и 2026 година, што значи дека денес речиси 9 од секои 10 килограми увезени лубеници доаѓаат од Албанија, објави МИА.

 

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top