Хроника

Терористите одат 30 дена во притвор, одлучил судот

Терористите на ИСИС 30 дена во притвор

Screenshot

Основниот Кривичен суд соопшти дека го прифатил предлогот на обвинителот од ОЈО за ГОКК тројцата уапсени во акцијата за тероризам да одат во притвор. Мерката била опредедела по сите три основи:

Основниот Кривичен суд Скопје го прифати предлогот на ОЈО за ГОКК и им определи притвор на сите тројца осомничени поради опасност од бегство, попречување на истрагата и влијание врз сведоци како и поради опасноста од повторување на делото, кратко кажаа од судот на брифинг со новинарите.

Инаку во акцијата беше уапсен припадник на ИСИС, годишникот К.И. формирал огранок на терористичката огранизација за извршување на терористички напади во Македонија. За таа цел почнал да влијае, да убедува и насочува млади луѓе да ги прифатат идеите и целите на исламската држава. Ширел пропаганда со радикална и есктремна содржина, а со други двајца , на возраст од 24 и 30 години од Скопје, незаконски тргувале со оружје и изработувале екплозиви. Полицијата вчера направила претреси кај шест, на 12 локации во селата Сингелиќ и Брест, и во скопски Чаир, а уаспени биле петмина од нив.

Сите од уапсените биле во блиски релации со странски терористички борци од земјава и регионот.

Повеќе детали на следниот линк:

Радикални имами, киднапирања и врски со странски борци – АНБ: Исламско радикалниот елемент е одлика на групата – Expres

Најнови вести од: Хроника

Повторно зачестени измамнички пораки за наводна наплата на сообраќајни прекршоци – МВР повикува на внимателност

Станува збор за обиди за фишинг измами, при што преку лажни пораки и линкови се бара од граѓаните да пристапат до веб-страници и да внесат лични и банкарски податоци, со цел нивна злоупотреба.

Осум дена притвор за возачот од Битола, откако беше приведен и по вторпат: првиот пат со 3,23, а потоа и со 3,50 промили алкохол во крвта!

Х.Ј. (29) првиот пат бил запрен кај спортската сала „Боро Чурлевски“ со 3,23 промили, а два дена подоцна на Партизанска повторно возел пијан. Му е одреден осумдневен притвор.

To top