Македонија

Мастер план на СДСМ во три чекори требало да доведе до елиминација на ВМРО-ДПМНЕ

Меѓу жртвите на следењето се и тројца познати новинари од кои двајца се уште се активни

Мастер план во три чекори е крериран од поранешното раководство на СДС преку злоупотреба на безбедносните служби се со цел да се забрани политичко дејствување на ВМРО-ДПМНЕ. Јас тие детали прв ги презентирав во 2019 година во еден ТВ дуел со Радмила Шеќеринска, каде јавно кажав дека имаме сериозни индиции за злоупотреба на безбедносните служби, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во вечерашното гостување во емисијата “Заспиј ако можеш”.

“Целта на тој мастер план беше да се забрани политичко дејствување на ВМРО-ДПМНЕ. Имаше три чекори. Првиот беше да се притворат што повеќе пратеници на ВМРО-ДПМНЕ со цел да се случи промена на името, и тоа се случи. Вториот беше партијата да се стави на обвинителна клупа за терористичко дејствување и нелегално финансирање и делумно успееја во тој дел за нелегално финанисрање. Ја ставија на обвинителна клупа и се уште партијата е на обвинителна клупа, се уште имаме замрзнат имот. Третиот дел беше доколку успеат да ја осудат ВМРО-ДПМНЕ согласно закон, да се забрани политичко дејствување и воопшто да не може да учествуваме на избори.

Овој мастер план одеше дотаму да се забрани и на раководството на ВМРО-ДПМНЕ да се бави со политичко дејствување. И ова беше смислено од тогашното раководство на СДС на чело со Зоран Заев и Радмила Шеќеринска, а не може да се амнестира ниту Димитар Ковачевски”- вели Николоски.

Агенцијата за безбедност до толку била злоупотребувана што секојдневно правеле лажни извештаи за раководството на ВМРО-ДПМНЕ дека сме биле анти -западни и анти – НАТО, додаде Николоски.

“Од тој план беше злоупотребена Агенцијата, во контекс Ние да бидеме оцрнети пред стратешките партнери, пред се после членството во НАТО. Целта беше никој од нас да не може да добие безбедносен сертификат. Не им успеа во тоа, но се штанцале на дневна основа извештаи дека сме биле под вакво влијание или под такво влијание. Еве прв пат ќе кажам за мене дека сум бил под иранско-турско-унгарско влијание. На врвот на тие лажни извештаи според мои сознанија биле на удар и претседателот Мицкоски, Драган Ковачки, Антонио Молошоски, Владо Мисајлоски. За мене составувале белешки дека сум била анти-западен и анти-НАТО во услови кога бев потпретседател на Парламентарното Собрание на Совет на Европа, во услови кога бев шеф на мониторинг мисија што ги создаваше Советот на Европа и во услови кога Пријатели на Европа ме избраа во 2022 година во 40 највијателни личности под 40 години во Европа”.

Николовски открива дека структурите на СДСМ ги следеле и новинарите Љупчо Златев, Драган Милосављевиќ како и поранешниот новинар Горан Момироски.

Оваa битка е праведна бидејќи се води меѓу демократско ВМРО-ДПМНЕ и антидемократските структури кои не сакаат демократија во Македонија. Тоа нема да го дозволиме, вели Николоски.

“Ако во 2025 година некој очекува дека ова ќе се заборави, тоа е многу наивно. Два пати ВМРО-ДПМНЕ паѓале од власт од службите и 2002 како последица на Големото уво и 2016-2017 преку прислушкуваните разговори. Ако истите тие луѓе мислат дека сме наивни и ќе ја оставиме работата по трет пат да не симнат од власт на недемократски начин, тогаш сериозно не потцениле. Еднаш за секогаш ќе расчистиме за да не ни се случи пак”- потенцираше потпретседатеот Николоски.

Тој најави бескорпулозна борба за правда, против сите структури кои ги злоупотребувале тајните служби. Ги повика Обвинителството и судовите да не ги штитат структурите од претходната власт и да ја изведат правдата пред целата јавност.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Секој миг ги градам темелите на Македонија, кои ги уриваа СДСМ, но ќе им се скинат куферчињата со пари, што ги добиваа за тоа од Бугарија!

„Служејќи им како слуги на нивните политички господари од источниот сосед СДСМ ја разурнаа државата и направија системот да пропаѓа, кои сега мораме да ги градиме од нивните темели. Но нека не создаваат лажна слика на душогрижништво, затоа што темелите на овој дом се составени од надежите, мотивите и жртвата на илјадници луѓе, кои се вградија во тие темели. Целото мое време го посветувам, за да ја кренеме Македонија, ама нека не се залажуваат и нека не помислуваат дека заборавив сѐ, што ѝ направија на државата!“ – им порача претседателот на Владата на Република Македонија и лидер на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски на лидерот на СДСМ Венко Филипче, неговиот гуру Зоран Заев и на нивните сопартијци од вечерашниот митинг во Струмица.

(Видео): Пукна водоводна цевка во Скопје, делови од градот без вода за пиење

ЈП „Водовод и канализација – Скопје“ соопшти дека поради сериозен дефект на водоводна цевка Ф600 мм на улица Франце Прешерн 100Д во населбата Влае, голем дел од градот е без вода, а останатите делови имаат намален притисок.

Најнови вести

To top