Македонија

Меџити: ДУИ цели да се врати на власт преку меѓуетничка омраза и дестабилизирачки сценарија, раководени од Груби и финансирани од руско-српското подземје

„Вицепремиерот Изет Меџити реагираше остро кон Демократската унија за интеграција, обвинувајќи ја дека нема визија како опозиција и оти се обидува да се врати на власт преку ‘дестабилизирачки сценарија и меѓуетничка омраза’.“ – објави информативната агенција на албански јазик „Журнал“. Натаму агенцијата наведува: Според Меџити, „зад овие сценарија стои и со нив раководи  ‘шефот во […]

„Вицепремиерот Изет Меџити реагираше остро кон Демократската унија за интеграција, обвинувајќи ја дека нема визија како опозиција и оти се обидува да се врати на власт преку ‘дестабилизирачки сценарија и меѓуетничка омраза’.“објави информативната агенција на албански јазик „Журнал“.

Натаму агенцијата наведува: Според Меџити, „зад овие сценарија стои и со нив раководи  ‘шефот во бегство’ на лажните вести и на дезинформациите, што се финансирани од руско-српската структура од подземјето и кои се инсталирани преку мрежите за коцкање и казината, внесени од ДУИ во земјава.“

„Не успеаја со Таравари. Не успеаја со Данела Арсовска. Сега ја обвинуваат Вреди за секој свој неуспех! Самите го отстранија балансерот, но потоа рекоа: ‘Вреди е виновна!’ Го оставија недовршен законот за албанскиот јазик и повторно: ‘Вреди е виновна!’ Го попишаа иселеништвото со методологијата, која тие ја предложија, но денес и за тоа им е виновна Вреди! Ова е прирачникот на старата пропаганда: измислица, поделба и прикажување себеси во улога како жртва.“ – напиша Изет Меџити на фејсбук.

Меџити додава дека „Албанците повеќе немаат доверба во оние што бегаат од правдата и кои бараат да се вратат на власт преку хаос“. – објави „Журнал“.

 

 

Најнови вести од: Македонија

(Фото): Нема да дозволиме профитерство, рече Мицкоски по средбата со газдите на маркетите

По средбата на претставниците на маркетите и премиерот во Владата е заклучено дека не треба да има ново зголемување на цените. Премиерот порача дека нема да се дозволи профитерство на грбот на граѓаните.

(Видео): Синдикатот за култура со кривична за министерот Љутков – тој пак тврди: Барањата за раст на платите се незаконски

Синдикатот за култура поднесе кривична пријава против министерот за култура, за злоупотреба на службената положба и кршење на правата на вработените. Според претседателката на синдикатот, Вера Атанасовска министерот со инструкции испратени по е-пошта се обидел да ги поткопа правата на вработените и колективните договори. Синдикатот наведува дека повеќе од 800 пријави се поднесени од вработените во културата и дека постојат правосилни судски одлуки во нивна корист.

Николоски од Вашингтон: Разговаравме за економска соработка, енергетската транзиција и изградба на коридори

На средбата со Даниел Лотон, заменик-помошник државен секретар за Европа, беше нагласено силното партнерство меѓу двете земји, засновано на меѓусебна поддршка и споделена посветеност на демократските вредности, како и на создавање подобри перспективи за економска и трговска соработка, соопшти Министерството за транспорт.

Кај судијата Ѓоко Ристов пронајдени судски предмети, кои не ги гибал сѐ до истекување на роковите, најверојатно за да застарат!

Судскиот совет констатира сериозни сомнежи за несовесно и нестручно постапување на судија од Апелациониот суд Скопје, поради неразумно одолжување на судски постапки што довело до апсолутна застареност на предмети. Во извештаите се наведува дека дел од предметите биле чувани во фиока сè до истекување на роковите за кривичен прогон. Иако на седницата не беше јавно посочено името на судијата, досегашните сознанија имплицираат дека е тоа судијата во Апелацискиот суд Ѓоко Ристов. Против него и порано беа поднесувани анонимни претставки до Судскиот совет.

To top