Македонија

Меџити: Ќе се утврдува во колкава мера било загадувањето врз животната средина од пожарот во Трубарево

Амбикон – акредитираната лабораторија за животна и работна средина од Штипскиот универзитет ќе изврши дополнителни последователни мерења во наредните пет дена

Повеќе од 15 часа траеше борбата со пожарот во складиштето за рециклирање отпад во Трубарево, тој е локализиран и целосно изгаснат и е спречено негово ширење. Веднаш е ангажирана акредитирана лабораторија за мерење на квалитетот на воздухот и тие ќе продолжат и во наредните денови, изјави на прес-конференција во Владата министерот за животна средина и прв вицепремиер Изет Меџити.

Соопшти дека објектот на компанијата „Ф Групација“ во Трубарево има важечка дозвола за управување со отпад издадена од Министерството во 2021 со важност до 2031.

-За целосна транспарентност, веднаш ангажиравме акредитирани лаборатории за мерење на квалитетот на воздухот, како од Државниот инспекторат, така и од надворешни специјализирани тела. Веднаш по добивање на информацијата за пожарот, во 13.30 часот, Државниот инспекторат за животна средина се упати на местото на пожарот во објект кој го користи правен субјект „Ф Групација“ во Трубарево. Во текот на надзорот беа извршени мерења од акредитирана лабораторија за животна средина Еуромак контрол од Скопје и поставен е 24-часовен мерач на квалитетот на амбиентниот воздух. Потоа направени се мерења од лабораторијата за животна средина при МЖСПП. На терен беше и посебна единица на АРМ за радиобилошко и хемиско загадување која исто така направи мерења, рече Меџити.

Соопшти дека денеска Амбикон – акредитираната лабораторија за животна и работна средина од Штипскиот универзитет ќе изврши дополнителни последователни мерења во наредните пет дена со поставување посебен станичен инструмент.

-Денеска е почнат административен инспекциски надзор кај правниот субјект од кој ќе бидат земени сите потребни докуемнти. По звршување на надзорот ќе бидат преземени сите мерки – земање мостри од почвата, ќе биде нарачано вештачење за утврдување на точноста во колкава мера било загадувањето врз животната средина. Државните институции понатаму ќе останат на терен и ќе продолжат да работат се додека не се расветлат сите аспекти на случајот. Ќе бидеме транспарентни до крај, вашата безбедност е наш приоритетк, рече Меџити.

Нагласи дека се работи за трет пожар на отпад за многу краток период, веднаш по пожарите во Вардариште и Дрисла, и дека ова е „аларм кој бара сеириозна институцинална мобилизација која е веќе во тек“.

-Очекуваме инцидентот да се расветли и причинителот односно причинителите да бидат јавно обзнанени, додаде Меџити на прес-конференцијата со директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов.

На новинарски прашања дали се знае какви материи се шират во воздухот, што дише населението и кога ќе има резултати, одговори дека денеска ќе се знаат и „за се ќе биде известено детално и транспарентно“.

Негираше дека фирмата што го управувала отпадот била сместена во куќа, туку дека имало хали и има дозвола до 2031 година.

На прашањето дали чувствува одговорност што после полноќ и без присуство на медиуми дошол на местото на настанот и снимил изјава, Меџити одговори дека цело време бил во тек и „на линија со министерот за внатрешни работи“, иако, рече, МЖСПП не е дел од Управувачкиот комитет за справување со кризи.

-Но, тоа не значи дека не сме биле уште од првиот момент. Инспекторатот за животна средина, како што кажав во говорот, веднаш пристапил кон местото и акредитираните лаборатотии во Министерството, како и други акредитирани лабориотии, цело време вршат мерења. Тоа што не бев на прес-конференцијата, не сум бил дел од Комитетот, но постојано сме во тек, одговори Меџити.

Во однос на пожарот во Дрисла, рече дека „и таму од првиот момент има контроли“.

Најнови вести од: Македонија

Пренџов: Заев и Филипче ѝ дадоа на Бугарија што го бараше 150 години, но Бугарите во Уставот ќе влезат кога и Македонија и Македонците во ЕУ!

„Тоа што го бара Бугарија не е ново, тоа Бугарија го бара 150 години и ниеден претходно не го направил тоа, што што го направија Заев и Филипче. Предупредувавме дека ќе завршиме во ќорсокак, дека на Македонецот му е доста од понижување. Предупредувавме дека покрај сменето име, презиме, банкноти, 20 пати Устав сменето, знаме сменето, не сакаме повеќе да бидеме луѓе, кои ќе ја наведнуваме главата, научени да губиме, а ништо да не добиваме. Ние сме нова политичка номенклатура, ние доаѓаме и ги држиме македонската традиција и македонскиот идентитет по секоја цена! Кога се работи за Македонија, кога се работи за нашите предци и за нашите поколенија, мора многу сериозно, многу стратегиски и многу мудро да се размислува. Не велиме дека никогаш нема да има Бугари во Уставот, но велиме дека велиме кога Македонците ќе влезат во ЕУ тогаш и Бугарите ќе влезат во нашиот Устав!“ – изјави пратеникот од ВМРО ДПМНЕ Љупчо Пренџов во гостувањето во ТВ Канал 5.

Забавниот парк „Зимзоленд“ под клуч – инспекцијата го затвори по направените вонредни контроли

Клуч за вртелешките во скопско Ново Лисиче. Забавниот парк „Зимзоленд“ е затворен за посетители. Според информациите, во текот на денот објектот бил затворен по интервенција на Министерството за внатрешни работи, во координација со Општина Аеродром. На терен и инспекоти од УЈП.

To top