Македонија

Меџити најави модерна противпожарна станица во Чаир

Првите вицепремиер и министер за животна средина, Изет Меџити, денес го презентираше проектот за изградба на Територијална пожарникарска станица во Општина Чаир, инвестиција која ќе ја зголеми безбедноста и заштитата на животот и имотот на граѓаните.

Првите вицепремиер и министер за животна средина, Изет Меџити, денес го презентираше проектот за изградба на Територијална пожарникарска станица во Општина Чаир, инвестиција која ќе ја зголеми безбедноста и заштитата на животот и имотот на граѓаните.

Новиот објект ќе има површина од 750 м², ќе биде опремен со три современи противпожарни камиони и ќе располага со 12 професионални пожарникари, подготвени за секоја итна ситуација.

Овој проект доаѓа како потреба за поголема безбедност, брз одговор и ефикасни услуги за нашите граѓани. Чаир заслужува модерна инфраструктура и силна институционална поддршка“, истакна Меџити.

Тој изрази посебна благодарност до Доброволната пожарникарска организација „Бајрам Мифтари“ за нивниот долгогодишен придонес и посветеност кон заедницата, истакнувајќи го нивниот пример на солидарност и хуманост.

Меџити додаде дека со заеднички ангажман на граѓаните, професионалците и партнерите, проектот ќе стане реалност, обезбедувајќи повеќе спасени животи, помалку штети и поголема безбедност за сите.

Најнови вести од: Македонија

Санкциониран возач на автобус, кој со неисправни сопирачки возел двојно повеќе деца од дозволеното

Министерството за внатрешни работи објави попладнево дека неговата мобилна единица санкционирала правен субјект, одговорно лице и возач на автобус со кој се врши јавен превоз на патници и во кој се утврдени неисправни сопирачки

(Видео): Потпишан меморандум за соработка меѓу ИНОВА и државните универзитети

Поддршка за иновациите, студентите, старт ап бизнисите, зголемување на конкурентноста на македонските компании. Ова треба да го овозможи соработка меѓу агенцијата ИНОВА и државните универзитети. Целта е поквалитетно високо образование и научна истражувачката дејност и подготовка на кадар кој ќе одговори на современите предизвици.

To top