Македонија

Меџити: Овој историски ден е симбол на борбата за слобода, праведност и соживот

Како држава, имаме обврска таа порака да ја преточиме во конкретни политики – преку заемна почит, праведна застапеност и реална рамноправност на сите заедници

Вицепремиерот и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити упати честитка по повод денешниот празник Илинден.

-Овој историски ден е симбол на борбата за слобода, праведност и соживот, вредности кои претставуваат темел на нашето демократско и мултиетничко општество. Илинден е заедничко наследство на сите граѓани кои веруваат во еднаквост, достоинство и заеднички напредок. Како држава, имаме обврска таа порака да ја преточиме во конкретни политики – преку заемна почит, праведна застапеност и реална рамноправност на сите заедници, вели Меџити во честитката.

Владата, како што нагласува, останува посветена на изградбата на стабилно, инклузивно и праведно општество, каде што различностите се сила и вредност, а не пречка.

Најнови вести од: Македонија

Двојазичност во правосудниот систем не е предвидена, Албанците беа излажани, вели Мицкоски

Ако Венецијанската комисија ти вели да го напуштиш концептот на билингвалност, поради тоа што може да се доведе до двојно толкување на одредени судски процеси, тогаш за какво владеење на право ние зборуваме, вели премиерот

To top