Македонија

Меџити со Мастер план за Чаир

Стратешки документ кој има за цел трансформација на општината во модел на одржлив развој, со модерна инфраструктура, урбано зеленило, културни простори и нови образовни и младински центри

Кандидатот за градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити во соработка со светски познатиот архитект, Бајрам Вардар, денеска го претставија Мастер планот за Чаир, стратешки документ кој има за цел трансформација на општината во модел на одржлив развој, со модерна инфраструктура, урбано зеленило, културни простори и нови образовни и младински центри.

Мастер планот се темели на 7 клучни столбови на развој: транспорт и сообраќај, заштита на културното наследство, туризам и економија, образование, култура и уметност, рекреација и спорт, урбана трансформација

Фокусот на планот се конкретни решенија за олеснување на сообраќајот и модернизација на инфраструктурата. Визијата предвидува изградба на булеварот „Хрватска“ и „Црна Гора“, што ќе овозможи движење од Автокоманда кон Сарај без да се минува низ Чаир. Исто така, предвидено е проширување на булеварите „Митат Фрашери“, „Џон Кенеди“ и „Цветан Димов“, како и оптимизација на клучните сообраќајни точки за зголемување на протокот. Еден од најзначајните проекти е изградбата на кружниот тек околу парк-шума Гази Баба.

Друг клучен елемент е ревитализацијата на Стариот Чаир, со конкретни мерки за зголемување на бројот на туристи, развој на економијата и културниот живот, со трансформација на традиционалните анови во функционални центри на урбани активности.

Проектот предвидува и создавање на 5000 нови паркинг места, вклучувајќи механички паркинзи, како и изградба на нови младински центри, реновирање на училиштата и креирање на модерен кампус за Универзитетот „Мајка Тереза“.

Посебно внимание во Мастер планот е посветено на проектот „Модерна Топана“, кој има за цел трансформација на населбата Топана во иконичен и атрактивен простор за Скопје, со спојување на траги од верски, културни и историски вредности со современ архитектонски јазик, во согласност со стандардите на Европската Унија.

На настанот за презентација на Мастер планот присуствуваа граѓани, архитекти, урбанисти, претставници на медиуми и јавни личности, кои ја поздравија оваа иницијатива како голем чекор кон трансформација на Чаир во европска општина со силен урбан и културен идентитет.

Мастер планот е резултат на работењето на тим експерти од Турција и Северна Македонија, под водство на архитектот Бајрам Вардар, урбанист со потекло од Скопје, кој изгради успешна кариера во Турција и беше дел од тесниот тим на претседателот Реџеп Таип Ердоган за време на неговиот мандат како градоначалник на Истанбул. Во тимот учествуваа и познатите експерти Надир Доган и д-р Мустафа Тутар, заедно со локални специјалисти кои обезбедија приспособување на планот кон реалните потреби на Чаир.

Најнови вести од: Македонија

Санкциониран возач на автобус, кој со неисправни сопирачки возел двојно повеќе деца од дозволеното

Министерството за внатрешни работи објави попладнево дека неговата мобилна единица санкционирала правен субјект, одговорно лице и возач на автобус со кој се врши јавен превоз на патници и во кој се утврдени неисправни сопирачки

(Видео): Потпишан меморандум за соработка меѓу ИНОВА и државните универзитети

Поддршка за иновациите, студентите, старт ап бизнисите, зголемување на конкурентноста на македонските компании. Ова треба да го овозможи соработка меѓу агенцијата ИНОВА и државните универзитети. Целта е поквалитетно високо образование и научна истражувачката дејност и подготовка на кадар кој ќе одговори на современите предизвици.

To top