Македонија

Меѓународно познатиот турски урбанист Бајрам Вардар, ангажиран од Изет Меџити и Вреди, ќе го изготви Генералниот план на општина Чаир

Вицепремиерот и еден од лидерите на Вреди Изет Меџити нагласи дека Бајрам Вардар ќе има целосна поддршка од Владата на Република Македонија за спроведување на овој голем проект.

„Турскиот урбанист Бајрам Вардар со меѓународен углед започна со анализите на терен, заради изготвување на Генералниот план на општина Чаир.“ – објави информативната агенција на албански јазик Илирија-ИНА. На својот фејсбук-профил вицепремиерот и еден од коалицијата Вреди Изет Меџити го објави името на познатиот урбанист од Турција, што ќе биде дел од тесниот круг на соработници и кој веќе работи на новиот концепт за градски развој на Општина Чаир.“ – соопшти Вреди. Бајрам Вардар по потекло е Албанец од Скопје.

Агенцијата ИНА наведува: Во разговор со кандидатот за градоначалник на Чаир Изет Меџити, Вардар нагласи дека градските проблеми, со кои се соочува оваа општина, се слични на проблемите, со кои се соочуваа и градовите како Истанбул и Бурса. 

„Чаир има голема густина на население. Во Турција до 80-тите години од минатиот век околу 80 проценти од населението живеело во села, но денес 90 проценти живее во градовите. Истото се случи и во Барселона, но таму беше преземен голем процес на реновирање. Чаир и околните области, исто така, имаат потреба од слична градска преобразба.“ – рече Бајрам Вардар, кој беше дел од тимот на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за развој на градот Истанбул.

Вардар додаде дека по завршувањето на Генералниот план, ќе се создадат конкретни механизми за негово спроведување, секогаш во соработка со жителите на општината. огаш во соработка со жителите на општината. Меџити рече дека Бајрам Вардар го сака Скопје, бидејќи е по потекло оттука, нагласувајќи и дека тој ќе има и целосна поддршка од владата за спроведување на овој голем проект. – објави ИНА

Најнови вести од: Македонија

Санкциониран возач на автобус, кој со неисправни сопирачки возел двојно повеќе деца од дозволеното

Министерството за внатрешни работи објави попладнево дека неговата мобилна единица санкционирала правен субјект, одговорно лице и возач на автобус со кој се врши јавен превоз на патници и во кој се утврдени неисправни сопирачки

(Видео): Потпишан меморандум за соработка меѓу ИНОВА и државните универзитети

Поддршка за иновациите, студентите, старт ап бизнисите, зголемување на конкурентноста на македонските компании. Ова треба да го овозможи соработка меѓу агенцијата ИНОВА и државните универзитети. Целта е поквалитетно високо образование и научна истражувачката дејност и подготовка на кадар кој ќе одговори на современите предизвици.

To top