Менкиноски најави дека ќе ги изнесе на прес-конференцијата деталите за случајот, оценувајќи дека станува збор за „скандалозна одлука“ и „директен притисок врз неговата работа“. „Тоа е директен напад врз мојата адвокатска дејност и обид да ме замолчат мене, како правен застапник на Македонците во Бугарија пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур (ЕСЧП).“ – наведува Менкиноски во поканата до медиумите.
Тој најави дека ќе ги образложи на прес-конференцијата можните причини за оваа одлука, како и за последиците што, според него, „произлегуваат од повредата на човековото право на слободно движење и вршење на адвокатската професија во земјата, каде што живеат Македонци, чии предмети ги застапува“. Менкиноски ги повика медиумите да присуствуваат, нагласувајќи, како што вели, затоа што јавноста треба да биде информирана за „меѓународниот правен преседан и притисоците, со кои се соочуваат бранителите на човековите права“.