Македонија

Мицевски: СДС и Филипче ја злоупотребуваат трагедијата во Кочани (ВИДЕО)

Пратеникот и член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, вели дека СДСМ и Венко Филипче ја злоупотребуваат трагедијата во Кочани за ситни политички поени. „Само СДС може да користи трагедија како таа во Кочани за политички калкулации, вели Јане Мицевски. „Некрофилијата на СДС оди дотаму што ја подгреваат атмосферата од Советот на општина Кочани преку нивниот тепач, […]

Пратеникот и член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, вели дека СДСМ и Венко Филипче ја злоупотребуваат трагедијата во Кочани за ситни политички поени.

„Само СДС може да користи трагедија како таа во Кочани за политички калкулации, вели Јане Мицевски.

„Некрофилијата на СДС оди дотаму што ја подгреваат атмосферата од Советот на општина Кочани преку нивниот тепач, до јавниот настап на нивните функционери и прекиот суд на прес-конференции.

СДС и Венко Филипче имаат за цел дестабилизација на состојбата во Кочани, создавање на хаос и ширење на силна омраза помеѓу луѓето“.

СДС и Венко Филипче, додава тој, се тргнати да градат сопствена среќа на туѓа несреќа и тоа народот го гледа и ќе го казни.

Според Мицевски, ниту во Кочани, ниту било каде во Македонија народот им верува на СДС и Филипче.

„И веќе многу лесно им ги чита мотивите“, вели Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ

Најнови вести од: Македонија

Велигденска порака на Скопскиот бискуп и Струмичко–скопски епарх Киро Стојанов (ВИДЕО)

Среде вознемиреностa во светот да се молитме за мир и напори да се запре татнежот на бомбите, да се замолчи оружјето и да се даде можност на дијалогот во кој можат да се слушнат гласовите на народите

Николоски: ДУИ не изгради ниту еден километар автопат

Вицепремиерот и министер за транспорт изјави дека Владата инвестира меѓу 1,6 и 1,8 милијарди евра во изградба на автопати од Коридорот 8, обвинувајќи ја Демократската унија за интеграција дека во своите мандати не изградила ниту еден километар автопат

To top