Македонија

Мицкоски: Ако останете дома и не гласате, други ќе одлучуваат за вашата иднина

Во недела сите масовно да излеземе на гласање

Во привот изборен круг коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, благодарение на поддршката на граѓаните, постигна историски резултат. За прв пат во независна демократска Македонија коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ на советничките листи победи во 58 општини плус главниот град, тоа се вкупно 59 општини. Имаме веќе избрани 33 градоначалници, во вториот круг имаме дополнителни 26 кандидати за градоначалници, а противкандидати на нашите кандидати во две општини веќе се откажаа, со што трката во вториот круг веќе е извесна и таму. А од останатите 24 очекувам во сите 24 општина да победат кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и да бидат градоначалници во своите општини, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот митинг во Македонска Каменица во рамки на изборната кампања под слоган „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“ за вториот круг од локалните избори во недела на 2 ноември.

Додаде дека очекува, со победата на Орце Ѓорѓиевски во Град Скопје, да се заокружи бројката од 60 градоначалници, што е исто така историски резултат што никогаш не е направен во Македонија.

Мицкоски ги повика граѓаните на Македонска Каменица, но и на цела Македонија, да излезат да гласаат и на вториот круг во недела и тоа уште помасовно, затоа што со останувањето дома се дозволува некој друг да одлучува за иднината.

„Би сакал да се заблагодарам на сите граѓани коишто излегоа и гласаа во првиот круг и да ја искористам оваа прилика да ги повикам да излезат и да гласаат во вториот круг. Гледаме дека има наши граѓани коишто, можеби, со години не дошле во Македонија, но доаѓаат од земјите во западна Европа за да гласаат во општини како што се Брвеница и Кичево и така натаму. А, гледаме дека одредени наши сограѓани остануваат дома мислејќи дека на тој начин ќе покажат некаков револт, пркос или ќе испратат некаква порака, која во суштина нема да биде препознаена, бидејќи кога останувате дома дозволувате некој друг да одлучува за вашата иднина. Затоа мојата порака и мојата замолница до оние коишто сè уште се двоумат дали да излезат во овој втор изборен круг, е да излезат масовно и, нормално, да го заокружат бројот 9 за Димче, за идниот градоначалник на Македонска Каменица“, повика Мицкоски.

Мицкоски додаде дека ВМРО-ДПМНЕ се бори подеднакво за секоја општина и за секоја педа од македонската територија, што се покажа и во измината година и половина власт.

„Ние се бориме за секоја општина, се бориме за секој човек, се бориме за секој метар квадратен македонска територија, тоа го покажавме како Влада изминатите 16 месеци, така ќе биде и во овој втор круг. Затоа, кога велам дека очекувам сите 26 кандидати кои се во вториот круг сите да победат и да им се приклучат на оние 33, тоа и го мислам и ние како ВМРО-ДПМНЕ, како коалиција правиме се што можеме тоа да се случи и јас сум убеден дека во недела заеднички ќе испишеме уште една историја, којашто до сега не се случила во Македонија“, потенцираше Мицкоски.

Најнови вести од: Македонија

Корупциски скандал на албанска министерка Балуку поврзувана со спорни зделки во Македонија со Дрин Ахмети, внукот на Ахмети

„Ја допира и Македонија албанскиот корупциски скандал на фирма-партнер на Дрин Ахмети и ‘Ѓока Констракшн’: во документите за јавни набавки се појавуваат и албанските фирми ‘ПЕ-ВЛА-КУ’ и ‘Ѓока Констракшн’, кои во последните години беа поврзувани со спорни зделки и во Македонија“ – објави информативниот портал „Скопје 1.мк“.

Вреди: ДУИ , која ги претвори судовите во свои ограноци, не може да држи предавања за владеење на законот и правото!

„Иронијата има име – ДУИ! Иронично е и неверојатно е партијата, која има половина од своето раководство на црните листи за корупција, да говори за ‘неуспех во владеењето на правото“! – реагираше остро коалицијата Вреди.

Манасиевски: Дел од правосудните органи бараат плата во вредност од 8 просечни плати со 2% доверба, 360.000 денари би била платата на претседател на суд(ВИДЕО)

Правосудството, иако веќе има едни од највисоките плати во регионот и Европа, бара двојно зголемување на примањата со кое ќе го надмине целиот континент, истакна Валентин Манасиевски, член на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната прес-конференција.

Најнови вести

To top