Македонија

Мицкоски: Блиску сме до договор со сериозни инвеститори да стане Попова Шапка најубавиот зимски центар во овој дел од Европа!

Во врска со неовластените градби во овој скијачки центар премиерот Христијан Мицкоски предупреди дека нема да биде донесен закон за легализирање на објектите. „Ако зборувате за дивоградба и ако размислувате за закон за легализација на дивоградбата, ние немаме такви цели, ниту планираме да размислуваме во таа насока. Не треба да се гради дивоградба, бидејќи државата има механизми да го спречи ова“, додаде Мицкоски.

Попова Шапка, според можностите што ги нуди, ако се спореди со најдобрите центри за зимски туризам во Алпите, има 10 километри повеќе можности за изградба на скијачки патеки. Од скопскиот меѓународен аеродром за 45 минути посетителот е на патеките со скијачки чизми. Неколку месеци во зима имаме природен снег.

Премиерот Христијан Мицкоски истакна дека е блиску договорот со странски инвеститори за трансформација центарот Попова Шапка во еден од најбараните зимски дестинации во Европа.

„Мислам дека сме на вистинскиот пат, не велам дека сум сигурен. Ова се многу сериозни инвеститори…Наша цел е на краток рок да привлечеме инвеститор кој ќе инвестира, секако заедно со државата. И ќе го направиме она што е сон и цел за сите нас, Шапка да стане најубавиот зимски центар во овој дел од Европа. Кој ќе живее 365 дена во годината, а не само неколку месеци во текот на зимската сезона. Шапка, според можностите што ги нуди, ако се спореди со најдобрите центри за зимски туризам во Алпите, има 10 километри повеќе можности за изградба на скијачки патеки. Од Меѓународниот аеродром, за 45 минути сте на патеките со скијачки чизми. Неколку месеци во зима имаме природен снег“, изјави Мицкоски.

Нетпрес

 

Најнови вести од: Македонија

Македонската култура во фокусот на 35. Меѓународен саем на книгата во Абу Даби

Во рамки на програмата „Балканска култура – почесен гостин“, Македонија на посетителите им претставува дел од своето богато и повеќеслојно културно наследство, како и современата книжевна продукција

Модернизиран команден центар, „Безбеден град“ ставен во функција во Велес

Новиот команден центар е сместен во целосно реконструирани и реновирани простории кои во минатото биле користени од Министерството за одбрана, а потоа околу 15 до 20 години не биле во употреба. Со нивното ставање во функција, СВР Велес добива современ простор од кој се реализираат активностите поврзани со системот „Безбеден град“

Крст во чест на 63-те жртви од „Пулс“ поставен на влезот во Кочани

Овој крст ќе нè потсетува и на болката и трагедијата што се случи овде во нашиот град. На повредените нека им подари здравје, сила и поткрепа да закрепнат и дај Боже постојано да останеме во заедница, во љубов со Бога, со силата на крстот

СДСМ бара истрага за 5,5 милиони евра за прославата

Пет милиони евра народни пари кога ќе се потрошат, граѓаните мора да знаат секој денар, секое евро каде завршило. Владата мора да ги објави договорите, анексите, фактурите, банкарските исплати, примателите, изведувачите, добавувачите и пресметаните даночни обврски

Мицкоски: Потврдувањето на кредитниот рејтинг од страна на „Фич“ е уште една лоша вест за опозицијата

​Три години водат кампања дека секоја година само што не сме банкротирале, буџетот бил без пари, економијата назадувала и така натаму. ​Одговорите стигаат од сите страни, од Светска банка, од Меѓународниот монетарен фонд, еве и од сега од реномирани кредитни агенции како што е „Фич“

To top