Македонија

Мицкоски до ВЛЕН: Не добивме почит за направената жртва и тоа нема да го заборавиме

Последно предупредување до ВЛЕН или најава дека реформирана ДУИ може да влезе во владата на местото на Касапи, Гаши и Меџити

Премиерот Христијан Мицкоски од партиски изборен настан во Аеродром упати директна порака до коалиционите партнери во владата од ВЛЕН.

Мицкоски му порача на ВЛЕН дека ВМРО-ДПМНЕ не добило почит за направената жртва во првиот круг на изборите и тоа нема да го заборави.

Тој потсети дека голем број на членови на партијата гласале за кандидати на ВЛЕН.

Веднаш по првиот круг лидерот на БЕСА Касами најави дека во Кичево ВЛЕН ќе гласа за ДУИ.

,,Не беше лесно, многу ми беше тешко кога ги гледам нашите сопартијци од Тетово, Гостивар, Струга, Чаир, Дебар и за тоа плативме цена и за тоа имавме жртва. И ние не бараме ништо, не бараме за возврат ништо затоа што имаме цел, ние бараме почит за жртвата која што сме ја дале за друг. Но, не ја добивме и тоа нема да го заборавиме”, порача премиерот Мицкоски во Аеродром.

Преходно на Свечената академија за празникот 23 Октомври тој упати директн порака до ВЛЕН – На овој ЛИНК

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

To top