Македонија

Мицкоски : Доаѓа времето на Македонија

Промените не се случуваат преку ноќ, но секој ден што вложуваме е чекор поблиску до земја со која ќе се гордееме, напиша премиерот Христијан Мицкоски. Тој во својата објава вели дека ќе продолжи борбата за подобра иднина -Не ветувам совршенства и чуда, туку ветувам искреност и упорност, во секој чекор и борба за тебе и […]

Промените не се случуваат преку ноќ, но секој ден што вложуваме е чекор поблиску до земја со која ќе се гордееме, напиша премиерот Христијан Мицкоски.

Тој во својата објава вели дека ќе продолжи борбата за подобра иднина

-Не ветувам совршенства и чуда, туку ветувам искреност и упорност, во секој чекор и борба за тебе и иднината каква што ја заслужуваш.

Ние не сме политичари што зборуваат од високо, ние сме луѓе што живеат тука со вас, што чувствуваат ист страв и иста надеж.

Затоа со труд и лојалност кон вас, ги градиме темелите на промените, искрено, чекор по чекор, со срце.

Доаѓа времето на Македонија!- напиша Мицкоски.

Најнови вести од: Македонија

(Фото): Нема да дозволиме профитерство, рече Мицкоски по средбата со газдите на маркетите

По средбата на претставниците на маркетите и премиерот во Владата е заклучено дека не треба да има ново зголемување на цените. Премиерот порача дека нема да се дозволи профитерство на грбот на граѓаните.

(Видео): Синдикатот за култура со кривична за министерот Љутков – тој пак тврди: Барањата за раст на платите се незаконски

Синдикатот за култура поднесе кривична пријава против министерот за култура, за злоупотреба на службената положба и кршење на правата на вработените. Според претседателката на синдикатот, Вера Атанасовска министерот со инструкции испратени по е-пошта се обидел да ги поткопа правата на вработените и колективните договори. Синдикатот наведува дека повеќе од 800 пријави се поднесени од вработените во културата и дека постојат правосилни судски одлуки во нивна корист.

Николоски од Вашингтон: Разговаравме за економска соработка, енергетската транзиција и изградба на коридори

На средбата со Даниел Лотон, заменик-помошник државен секретар за Европа, беше нагласено силното партнерство меѓу двете земји, засновано на меѓусебна поддршка и споделена посветеност на демократските вредности, како и на создавање подобри перспективи за економска и трговска соработка, соопшти Министерството за транспорт.

Кај судијата Ѓоко Ристов пронајдени судски предмети, кои не ги гибал сѐ до истекување на роковите, најверојатно за да застарат!

Судскиот совет констатира сериозни сомнежи за несовесно и нестручно постапување на судија од Апелациониот суд Скопје, поради неразумно одолжување на судски постапки што довело до апсолутна застареност на предмети. Во извештаите се наведува дека дел од предметите биле чувани во фиока сè до истекување на роковите за кривичен прогон. Иако на седницата не беше јавно посочено името на судијата, досегашните сознанија имплицираат дека е тоа судијата во Апелацискиот суд Ѓоко Ристов. Против него и порано беа поднесувани анонимни претставки до Судскиот совет.

To top