Македонија

Мицкоски: Дојде време кога државата не е банкомат за моќници, туку мотор на развојот

Премиерот Христијан Мицкоски присуствуваше на пуштање во употреба на делницата Дреново- Фариш до Прилеп. – Денес го пуштаме во употреба експресниот пат Фариш- Дреново во дочжина од 10,2 километри со вредност од речиси 45 милиони евра. Проект што е директна инвестиција во развојот, безбедноста и иднината на овој регион, на државата, на секој граѓанин. Овој […]

Премиерот Христијан Мицкоски присуствуваше на пуштање во употреба на делницата Дреново- Фариш до Прилеп.

– Денес го пуштаме во употреба експресниот пат Фариш- Дреново во дочжина од 10,2 километри со вредност од речиси 45 милиони евра. Проект што е директна инвестиција во развојот, безбедноста и иднината на овој регион, на државата, на секој граѓанин. Овој пат е од витално значење и за Кавадарци и за Прилеп и за Битола и за Ресен и за сите општини од пелагонијата, изјави Мицкоски.

Во своето обраќење премиерот потенцираше дека овие пари како во минатото по птринципот како до сега, не завршија во нечии џебови, не изчезнаа во провизии, тендери и фиктивни договори, дека се тука во реални опипливи дела.

-Дојде време кога државата не е банкомат за моќници, туку мотор на развојот. Дојде време кога проектите не се рекламираат на хартија, туку се градат на терен. Дојде време кога парите од граѓаните се враќаат назад кај граѓаните преку проекти, патиштам училишта, фабрики, потенцира Мицкоски.

Денес Македонија се гради, чекор по чекор, делница по делница, проект по проект.

-Со чесна работа, домаќинска политика, и меѓународни партнерства, ја менуваме државата од темел. Овој пат Фариш- Дреново не е само обичен пат, туку тој е и порака, порака дека можеме и поинаку, порака дека ако се сака се може и доказ дека Македонија нема да биде вечно во застој како што беше во изминатите 7 години, додаде Мицкоски.

Ова е петти патен правец што е пуштен во употреба за време на една година мандат на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести од: Македонија

(Фото): Нема да дозволиме профитерство, рече Мицкоски по средбата со газдите на маркетите

По средбата на претставниците на маркетите и премиерот во Владата е заклучено дека не треба да има ново зголемување на цените. Премиерот порача дека нема да се дозволи профитерство на грбот на граѓаните.

(Видео): Синдикатот за култура со кривична за министерот Љутков – тој пак тврди: Барањата за раст на платите се незаконски

Синдикатот за култура поднесе кривична пријава против министерот за култура, за злоупотреба на службената положба и кршење на правата на вработените. Според претседателката на синдикатот, Вера Атанасовска министерот со инструкции испратени по е-пошта се обидел да ги поткопа правата на вработените и колективните договори. Синдикатот наведува дека повеќе од 800 пријави се поднесени од вработените во културата и дека постојат правосилни судски одлуки во нивна корист.

Николоски од Вашингтон: Разговаравме за економска соработка, енергетската транзиција и изградба на коридори

На средбата со Даниел Лотон, заменик-помошник државен секретар за Европа, беше нагласено силното партнерство меѓу двете земји, засновано на меѓусебна поддршка и споделена посветеност на демократските вредности, како и на создавање подобри перспективи за економска и трговска соработка, соопшти Министерството за транспорт.

Кај судијата Ѓоко Ристов пронајдени судски предмети, кои не ги гибал сѐ до истекување на роковите, најверојатно за да застарат!

Судскиот совет констатира сериозни сомнежи за несовесно и нестручно постапување на судија од Апелациониот суд Скопје, поради неразумно одолжување на судски постапки што довело до апсолутна застареност на предмети. Во извештаите се наведува дека дел од предметите биле чувани во фиока сè до истекување на роковите за кривичен прогон. Иако на седницата не беше јавно посочено името на судијата, досегашните сознанија имплицираат дека е тоа судијата во Апелацискиот суд Ѓоко Ристов. Против него и порано беа поднесувани анонимни претставки до Судскиот совет.

To top