Македонија

Мицкоски: Дрисла е децениски проблем, интензивно работиме на решавање на проблемот

Е сега очигледно на некој тоа му пречеше и периодот на предизборие го користи за да создаде паника и негодување. И го следиме тоа многу внимателно

„Ако мислите на ова што се случува на депониите и палењето на истите, можам да кажам дека после успешно завршената сезона на пожари, споредено со другите држави во регионот, каде што имаше жртви, големи населени места беа евакуирани, имаше голема штета во имотот, ние такви случаи немавме, поради добрата организација и навременото постапување“, вели Христијан Мицкоски, претседател на Владата на Република Македонија одговарајќи на новинарско прашање.

Премиерот Мицкоски потенцираше дека проблемот со Вардариште и Дрисла е проблем со децении, но никој до сега не го решил, ниту пак се зафатил со решавање, но како што нагласи веќе работат со министерот за транспорт на општествено одговорни градежни компании со кои што ќе донесеме механизација и во двете депонии.

Фото: drisla.mk

„Е сега очигледно на некој тоа му пречеше и периодот на предизборие го користи за да создаде паника и негодување. И го следиме тоа многу внимателно, тоа е проблем создаден со децении, никој до сега не го решил, ниту пак се зафатил со решавање. Ќе ве потсетам кога го имавме проблемот со сметот во Скопје, кога скопските градоначалници се обидоа да го решат проблемот со сметот бидејќи тогаш ЈП Комунална хигиена не работеше, од тогаш за нив познати причини, и да го одложат истото во Дрисла наидоа на затворена порта, а потоа добија и кривични пријави. Тоа беше реалноста“, изјави Мицкоски и додаде:

„Ние и овој случај нема да го оставиме вака, веќе работиме со министерот за транспорт на општествено одговорни градежни компании со кои што ќе донесеме механизација и во Вардариште и во Дрисла, и ќе можеме да дејствуваме внатре се со цел да не се случува ова континуирано. Ќе ве потсетам МВР неодамна имаше акција во дивата депонија Вардариште, замислете дивата депонија Вардариште каде има илјадни милиони килограми смет, не пречела никому, се било тоа со години создавано, но ние ќе го решиме. Впрочем треба да ги решаваме проблемите, а не да очајуваме и во насока на тоа прво имаше акција од МВР, каде што три лица се приведени бидејќи имале нелегални отпади таму, гореле кабли за да добијат бакар, кој што претходно го сечеле и краделе за да можат да го продаваат, и не само бакар туку и друг тип на метали. Исто така пред општествено одговорни градежни компании ќе имаме интервенција во смисла на градежно решавање на овој незаконски, див отпад и ЈП Дрисла. Се надевам дека ќе имаме простор да влеземе внатре. Така што тоа што државата треба да го направи, државата ќе го направи. Но исто така и сторителите ќе бидат откриени и санкционирани. Морам исто така да кажам како човек кој е професор, а не претседател на Влада, како резултат на таа хемиска реакција се создава метан кој е лесно запалива материја, и тука човек не мора да е креативен со еден обичен отпушок може да се случи тоа што се случува изминатите денови.“

Мицкоски порача дека како и многу други работи, така и овој проблем ќе го реши, а се надева дека со новиот градоначалник и трајно ќе се реши ова прашање.

„Така што да сумирам, како и многу други работи кои што ги решивме овие 15 месеци и ова ќе го решиме. А со новиот градоначалник во Скопје јас сум убеден дека и трајно ќе се реши овој проблем, бидејќи тука ни треба фабрика за отпад, тука ни треба производна единица која што ќе го користи метанот за производство на електрична енергија. Така што имаме планови кои што ќе ги имплементираме за трајно решение на овој проблем, не само во Скопје, туку и на цела територија на Македонија“, дециден е Мицкоски.

Најнови вести од: Македонија

Интервју: Глупост е Самуил да се враќа во Бугарија, тој таму никогаш и не бил, вели професор Атанасовски

Професорот Александар Атанасовски, чија специјалност е средниот век, вклучително и времето на Византија и Самуиловото Царство, беше гостин во емисијата Радио Точка, во рамки на програмата Хоризонт на Бугарското национално радио БНТ. Централна тема – договорот меѓу Бугарија и Грција за пренесување на наводните коски на цар Самуил од Солун во Софија.

(Фото): Означен стартот на 22. издание на „Виз Ер Скопски маратон“, улиците преполни со учесници

Град Скопје е покровител на спортската манифестација, а градоначалникот вели дека градските служби се подготвени да ја обезбедат потребната поддршка за нејзино успешно одржување.

Пола Скопје ќе биде затворено за сообраќај – стартува 22. издание на „Виз Ер“ Скопскиот маратон

Од Министерството за внатрешни работи апелираат граѓаните да го избегнуваат движењето по овие сообраќајници во периодот од 06:00 до 14:00 часот и да ги почитуваат наредбите на полициските службеници на терен.

(Видео): Државата е енергетски стабилна, се очекува поевтинување на горивата, вели Мицкоски

Државата не е голем потрошувач на гас и постои план за справување со можните предизвици, велат од Владата. Премиерот кажа и дека разговарал со големите нафтени компании. Премиерот очекува и поевтинување на горивата веќе од следната недела.

Во пресрет на грејната сезона – парно, струја, дрва: Што најмногу го празни џебот?!

Најефикасното, но и најскапо современо решение е топлотна пумпа систем воздух-вода. Оваа инвестиција бара помеѓу 6.500 и 9.000 евра, иако потоа месечната потрошувачка на струја за целата куќа е приближна на трошокот за два инвертер уреди. За домаќинствата кои немаат буџет за вакви системи, поставувањето на три поквалитетни инвертер клими со инвестиција од околу 2.500 евра.

Секоја десетта цигара во ЕУ е нелегална, црниот пазар ја опфаќа и Македонија

Предизвик за европските институции не е само растот на нелегалното производство, туку и неусогласениот начин на кој земјите му се спротивставуваат. Националните системи за контрола и спроведување значително се разликуваат, кривичните дела и казните не се доволно хармонизирани, а и натаму постојат празнини во соработката и размената на информации меѓу надлежните институции.

To top