Македонија

Мицкоски: Ќе ги решиме „Вардариште“ и „Дрисла“, кои треба да личат на модерна европска депонија со фабрика

„Ќе ја решиме депонијата во Вардариште и ‘Дрисла’, која треба да личи на модерна европска депонија со фабрика, што ќе произведува енергија и ќе го произведува, складира и рециклира отпадот“, кажа премиерот.

Иако визуелно изгледа дека воздухот во Скопје е загаден, сепак испитуваните параметри на штетни честички не се така алармантни. Ова денеска го изјави премиерот Христијан Мицкоски при посетата на Општина Гази Баба коментирајќи го квалитетот нс воздухот во главниот град откако вчера попладне избувна пожар во депонијата „Дрисла“, а граѓаните на социјалните мрежи споделуваат фотографии на кои се гледа дека густ чад се шири над Скопје.

  • „Нема зголемени такви параметри што се алармантни. Тоа е визуелно така, но кога се испитувани параметрите не се така алармантни. Но, лошо е да се прави тоа. И ќе се прави и има шричина зошто се прави. Затоа го поставив прашањето на кого му одговара ова да се случува сега. Кога ќе дадете одговор на ова прашање, ќе ви стане јасно кој и зошто го прави“, рече премиерот.

Инаку, пожарот на депонијата „Дрисла“ што избувна сè уште е активен. Наместо со вода, се гаси со затрупување на најкритичните делови. Оваа мерка е донесена откако претходните обиди за гаснење со вода не дале резултати.

За депонијата во Вардариште што исто така гореше пред десетина дена рече дека е создавана 35 години, а можеби и повеќе. Сепак, најави нејзино решение.

„Ќе ја решиме депонијата во Вардариште и ‘Дрисла’, која треба да личи на модерна европска депонија со фабрика, што ќе произведува енергија и ќе го произведува, складира и рециклира отпадот“, додаде Мицкоски.

Додаде дека ќе биде јавно-приватно партнерство, со јавен тендер и јасни критеериуми. Според него, оваа влада за првпат ги уапси оние што нелегално топат кабли во Вардариште за да извадат бакар, со цел да го продаваат. Очекува надминување на проблемот со палењето на депониите по денешниот координативен состанок.

Најнови вести од: Македонија

Интервју: Глупост е Самуил да се враќа во Бугарија, тој таму никогаш и не бил, вели професор Атанасовски

Професорот Александар Атанасовски, чија специјалност е средниот век, вклучително и времето на Византија и Самуиловото Царство, беше гостин во емисијата Радио Точка, во рамки на програмата Хоризонт на Бугарското национално радио БНТ. Централна тема – договорот меѓу Бугарија и Грција за пренесување на наводните коски на цар Самуил од Солун во Софија.

(Фото): Означен стартот на 22. издание на „Виз Ер Скопски маратон“, улиците преполни со учесници

Град Скопје е покровител на спортската манифестација, а градоначалникот вели дека градските служби се подготвени да ја обезбедат потребната поддршка за нејзино успешно одржување.

Пола Скопје ќе биде затворено за сообраќај – стартува 22. издание на „Виз Ер“ Скопскиот маратон

Од Министерството за внатрешни работи апелираат граѓаните да го избегнуваат движењето по овие сообраќајници во периодот од 06:00 до 14:00 часот и да ги почитуваат наредбите на полициските службеници на терен.

(Видео): Државата е енергетски стабилна, се очекува поевтинување на горивата, вели Мицкоски

Државата не е голем потрошувач на гас и постои план за справување со можните предизвици, велат од Владата. Премиерот кажа и дека разговарал со големите нафтени компании. Премиерот очекува и поевтинување на горивата веќе од следната недела.

Во пресрет на грејната сезона – парно, струја, дрва: Што најмногу го празни џебот?!

Најефикасното, но и најскапо современо решение е топлотна пумпа систем воздух-вода. Оваа инвестиција бара помеѓу 6.500 и 9.000 евра, иако потоа месечната потрошувачка на струја за целата куќа е приближна на трошокот за два инвертер уреди. За домаќинствата кои немаат буџет за вакви системи, поставувањето на три поквалитетни инвертер клими со инвестиција од околу 2.500 евра.

Секоја десетта цигара во ЕУ е нелегална, црниот пазар ја опфаќа и Македонија

Предизвик за европските институции не е само растот на нелегалното производство, туку и неусогласениот начин на кој земјите му се спротивставуваат. Националните системи за контрола и спроведување значително се разликуваат, кривичните дела и казните не се доволно хармонизирани, а и натаму постојат празнини во соработката и размената на информации меѓу надлежните институции.

To top