Македонија

Мицкоски: Многу им се и платите што сега ги земаат

Проблемот не е во зголемувањето на платите, туку дека тоа зголемување мора да се заслужи од оние во кои довербата сега е 2%

Премиерот Христијан Мицкоски смета дека судиите и обвинителите дури и не ги заслужуваат своите сегашни плати, а камоли нивното зголемување, како што бараат од ЕУ, пренесува Телеграфи Македонија.

Тој нагласи дека му се лоши кога ќе слушне за зголемувањето на платите на судиите и обвинителите, со оглед на тоа што имаат само 2% доверба од граѓаните.

„Моите ставови за судството и обвинителството се многупати кажани, и секогаш кога ќе кажат дека доцниме во законите за реформи во судството, основната суштина е зголемување на буџетот, а со тоа и зголемување на платите на судиите и обвинителите, кои имаат рејтинг 2%, а се бара зголемување на платите 0,8% од БДП на судиите и 0,5% на обвинителите. Некогаш чувствувам мачнина, затоа што сега и овие плати не ги заслужуваат“, изјави Мицкоски.

Тој рече дека кога „таканаречените експерти излегуваат јавно и ја критикуваат Владата за застојот на реформите во обвинителството и судството“, на граѓаните треба да им се објасни што е суштинската реформа.

Мицкоски нагласи дека проблемот не е во зголемувањето на платите, туку дека тоа зголемување мора да се заслужи.

Најнови вести од: Македонија

Велигденска убавина во Бутел: Воскресението не е приказна, туку сила што не потсетува да не се откажеме дури и кога е најтешко (ВИДЕО)

Овој убав пример од Бутел покажува дека вистинската убавина на Велигден не доаѓа од црквата, туку од срцата на младите кои со љубов го слават најсветлиот христијански празник.

Обид за опожарување на објектот на Еврејската заедница и синагогата во Скопје

Остро и недвосмислено го осудуваме овој чин. Истовремено, повикуваме на јасна, гласна и обединета осуда од сите верски лидери, институции и граѓани. Само преку заедничка одговорност и будност можеме да обезбедиме ваквите појави никогаш повеќе да не се повторат

To top