Македонија

Мицкоски: Наследивме систем што одамна престанал да служи на граѓанинот

Наследивме држава со нарушени институции. Со систем што одамна престанал да служи на граѓанинот, порача премиерот Христијан Мицкоски кој присуствуваше на трибина во Струмица посветена на македонското земјоделство и храна. Тој вели дека во изминатата година дена се работело на системски промени, односно на консолидација на состојбите. – Тоа беше, за жал, Македонија што ја […]

Наследивме држава со нарушени институции. Со систем што одамна престанал да служи на граѓанинот, порача премиерот Христијан Мицкоски кој присуствуваше на трибина во Струмица посветена на македонското земјоделство и храна.
Тој вели дека во изминатата година дена се работело на системски промени, односно на консолидација на состојбите.
– Тоа беше, за жал, Македонија што ја затекнавме. Но, тоа не е Македонија што ја прифативме.Не дозволивме тишината да победи. Не дозволивме безнадежноста да стане стандард. Во изминативе нешто повеќе од 365 дена работевме на темелите. На системски промени. На враќање на довербата на институциите. Работевме да ја стабилизираме државата, да ги консолидираме состојбите, да го вратиме правецот. Градиме темели на промени, исплативме субвенции, фер распределба на земјиште и поддржуваме ново производство, порача премиерот Мицкоски. 

Најнови вести од: Македонија

Украина го нападна Туркстрим: Eдинствениот гасовод што го снабдува Балканот со гас, меѓу кои и Македонија

Унгарскиот министер за надворешни работи и трговија, Петер Сијарто, денеска остро реагираше на украински напад врз инфраструктурата на гасоводот Туркстрим во Русија, оценувајќи го како сериозна закана за енергетската безбедност на Унгарија и пошироко.

To top