Македонија

Мицкоски: Очекуваме 60 општини во рацете на нашата коалиција

Во 58 општини советничките листи на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ победија и имаат убедливо мнозинство во Советот. Кога на сето тоа ќе се додаде убедливото водство на идниот градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски

 

„Во недела масовно да излеземе на избори, да го заокружиме бројот 9 за Тони Тоневски и за развој на Пробиштип. Седењето дома е најлошата опција“,  порача претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на вечерашниот митинг во Пробиштип од каде  повика граѓаните масовно да излезат на гласање во недела, 2 ноември, за вториот круг од локалните избори.

Тој потенцираше дека во првиот круг коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ освои 33 градоначалници, а двајца кандидати се откажаа, што го зголемува бројот на градоначалници на 35. Во вториот круг се одлучува во 24 општини, а во шест од нив коалицијата е второпласирана со големи шанси за победа.

„ Во 58 општини советничките листи на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ победија и имаат убедливо мнозинство во Советот. Кога на сето тоа ќе се додаде убедливото водство на идниот градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, очекуваме вкупно 60 општини, нешто што досега ниту една политичка коалиција во независна Македонија не го постигнала – рече Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ посочи и дека Демократската унија за интеграција (ДУИ) е поразена на овие локални избори, откако повеќе од 20 години беше дел од влади во земјата., пренесе Плусинфо

Најнови вести од: Македонија

Наумовски: Победата на опозицискиот претседателски кандидат во Бугарија води до предвремени парламентарни избори

-Според некои анализи, тие имаат изгубено можеби две третини од гласовите од парламентарните избори и, според мене, тоа е прв показател дека поддршката која ја имаше Радев на парламентарните избори веќе е значително намалена. Се покажува дека релативно комотната позиција која Радев ја имаше како претседател на државата е различна од состојбата која сега ја има да решава проблеми како премиер, рече Наумовски. По социјалните мрежи имаше една шега дека има низок одѕив на изборите во Бугарија затоа што сите бугарски возови заминале во Србија Ова во „Наткаст“ на „Курир“ го изјави Васко Наумовски, универзитетски професор и поранешен вицепремиер за евроинтеграции.

Мицкоски: Достигнат е БДП од 20 милијарди долари, целта е 22 милијарди! – Опозицијата би се радувала РМ да потоне во нивното политичко мочуриште!

Податоците на Државниот завод за статистика за конечните бројки за 2024 за растот на бруто домашниот производ и ревидираните бројки за 2025 се во нагорна линија од 3,8 отсто, со што Владата ја постгна поставената цел до крајот на мандатот номиналниот бруто домашен производ да биде 20 милијарди долари, сега цели кон 22 милијарди долари, информира денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Средба Муцунски-Клеин: Непрестаен развој на односите и одличната соработка меѓу Македонија и Унгарија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија Тимчо Муцунски денеска оствари средба со новоназначениот специјален пратеник на Министерството за надворешни работи на Унгарија за Западниот Балкан, амбасадорот Андраш Клеин.

Најнови вести

To top