Македонија

Мицкоски од Кичево: Ова е време на надеж и време на визија

Премиерот Христијан Мицкоски од говорницата во Кичево го пофали усвојувањето на законите за зголемување на пензиите за 2000 денари и за ваучери за студентите во вредност од 15 300 денари. Тој порача дека сега доаѓа времето на надеж и визија за подобро утре -Со голема чест и големо срце стоев вечерва во Кичево меѓу вас, […]

Премиерот Христијан Мицкоски од говорницата во Кичево го пофали усвојувањето на законите за зголемување на пензиите за 2000 денари и за ваучери за студентите во вредност од 15 300 денари. Тој порача дека сега доаѓа времето на надеж и визија за подобро утре
-Со голема чест и големо срце стоев вечерва во Кичево меѓу вас, во градот кој има дадено многу за нашата татковина. Град со традиција, со борбен дух и со луѓе што знаат што е вредност, што е достоинство, што е исправност и од тука имам две убави вести, поминаа законите за повисоки пензии за 2000 денари и за ваучери од 250 евра за таблет или лаптоп за студенти.

Оваа вечер беше посебна. Не само затоа што бев со вас, туку затоа што заедно можеме да погледнеме наназад, на една година исполнета со борба, со работа, со резултати. Но, уште поважно, да погледнеме напред. Со надеж. Со план. Со волја за промена и за подобро утре за секој еден човек во нашата Македонија.

Во образованието ја направивме најголемата промена досега. За првпат по седум години, учебната година започна со над еден милион учебници, поставени на училишните клупи уште на првиот училишен ден. Нешто што не беше случај изминатите седум години, кога владата ја предводеа СДСМ и ДУИ. Никој не веруваше дека е возможно, но ние покажавме дека кога има волја, има и резултати. Испечатени се над 100 нови наслови за средното стручно образование. Се градат нови училишта, се градат нови спортски сали, комплетно се реконструираат училишта, итн. Се она коешто е потребно нашите најмили, децата, да го добијат, а тоа е образованието.

И не само основното и средното образование, вложуваме и во студентите. По долгогодишен застој, конечно се одблокирани објектите за ФИНКИ и Факултетот за физичка култура. Тоа се генерации што нема да студираат во импровизирани простории, туку во современи згради, со современи услови. Во 2025 година, како што претходно можевте да видите, обезбедени се 38 милијарди денари за образованието. Тоа е најголемиот влог и буџет досега во обраованието. Тоа е јасна порака, дека иднината на Македонија е во знаењето.

Но, ние не застануваме тука. Знаеме дека без економски развој, нема стабилна држава. И затоа ја отворивме вратата за инвестициите. И домашни и странски. Ова е време на надеж. Време на визија. Време кога конечно се враќа верата дека вреди да се остане тука. Вреди да се работи тука. Времето на Македонија која допрва доаѓа. Оваа година беше година за вас. За секој еден од вас. За секое дете, секој млад човек, секој родител и секој пензионер, порача премиерот Христијан Мицкоски.

Најнови вести од: Македонија

Димитриеска-Кочоска: Состојбата со енергенсите во моментот е стабилна, ако има потреба ќе интервенираме

Во однос на критиките од опозицијата дека Владата доцни со мерките, министерката за финансии посочи дека состојбите сега се сосема различни од оние во 2022 година

Ифтарска вечера организирана од Владата, за Мицкоски момент на заедништво, почит и духовна поврзаност

Премиерот Христијан Мицкоски преку Фејсбук објава извести дека вечерва Владата организирала ифтарска вечера, која ја означи како момент на заедништво, почит и духовна поврзаност

Потпишан Анексот број 8 од Договорот за изградба на автопатот Кичево – Охрид

Договорот треба да се овозможи дозвршување на градежните работи на автопатот во изградба, при што се предвидуваат дополнителни 186 милиони евра и краен рок за завршување 31 мај 2027 година

(Фото): Катни гаражи, кружен тек, инвестиции во Скопје – градската каса потешка за 166 милиони денари

Советот на Град Скопје на денешната седница го усвои ребалансот на буџетот со кој се зголемуваат средствата за дополнителни 166 милиони денари, наменети за нови капитални инвестиции во градот. Според скопскиот градоначалник, Орце Ѓорѓиевски, овие средства се обезбедени како резултат на подобрата наплата и се резултат на домаќинско и одговорно работење, без ново задолжување

Дури 11 пријави за семејно насилство за само еден ден – што им се врти во умот на сторителите?!

Полицијата интервенирала во повеќе градови по серија пријави за семејно насилство и закани меѓу роднини и партнери. Четири лица биле приведени, двајца биле повикани на службен разговор, а за сите 11 случаи се преземаат мерки и ќе следуваат соодветни пријави. Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на сите случаи. По целосното документирање, против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Кому му сметаат лекарите: Над 70% од нив се соочиле со напади на работното место

Закани, навреди, а некогаш и физички напади – нешто повеќе од 70% од лекарите во земјава се соочиле со насилство на работното место. Лекарската комора бара брза разрешница на секој инцидент. Оттаму реагираат на бавното инситутиционално постапување, што ги обесхрабрува лекарите да пријавуваат.

To top