Македонија

Мицкоски: Политичари растураат пердуви и креираат лажна слика за Кочани, изразувам длабоко сочувство до семејствата на настраданите

И покрај тоа што опозицијата се обидуваше да креира, како по обичај, лажна слика, да растура пердуви дека нема да се појавам јас и пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ за време на Анкетната расправа, видовте дека сите бевме присутни и Претседателката дојде исто така да биде дел од Анкетната расправа, претседателот на Собранието, јас лично.

И покрај тоа што опозицијата се обидуваше да креира, како по обичај, лажна слика, да растура пердуви дека нема да се појавам јас и пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ за време на Анкетната расправа, видовте дека сите бевме присутни и Претседателката дојде исто така да биде дел од Анкетната расправа, претседателот на Собранието, јас лично. Така што, тука бевме да слушаме, ги слушнавме ставовите на родителите, тие коишто земаа збор. Ги слушнавме, исто така, дискусиите на дел од организациите како „Супорт Кочани“, „Кој е следен“, и дел од дискусиите на некои од пратениците, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Мицкоски изрази соочуство до семејствата на загинатите и дека државата ќе им помогне на повредените.

-Така што, еве за да не биде дека ќе успеат континуираните лаги на опозицијата да станат вистина, како по обичај, сите тие лаги им се распрснуваат во рака како обична лага, а вистината е сосема поинаква. Уште еднаш сакам да изразам сочувство до сите оние коишто ги изгубија најмилите во овој трагичен настан, до оние кои се повредени од овој трагичен настан. Ние како држава ќе сториме сѐ што е во наша моќ да помогнеме на тие коишто се лекуваат, да ја дадеме сета онаа нега којашто е потребна, и се разбира сочувствуваме со болката на сите оние семејства коишто ги загубија своите најмили.

Најнови вести од: Македонија

Министри заедно со градоначалници ќе го убедуваат УНЕСКО за зачувување на статусот на Охридскиото езеро

На средбите ќе бидат потенцирани цврстите заложби на Владата за зачувување на статусот на природното и културното наследство на Охридскиот Регион. Исто така, ќе биде истакнато дека државата воспоставува систем за заштита кој гарантира зачувување на интегритетот и автентичноста на Охридскиот Регион како исклучителна универзална вредност.

Протест нека има, но да не се попрачува работа на пратениците, порача спикерот Гаши

Пратениците утре сами да се снајдат како ќе дојдат на работа откако ССМ најави блокада пред законодавниот дом каде ќе ги испратат барањата за раст на платите. Собранискиот спикер Африм Гаши на брифинг со новинарите посочи дека правото на протест е загарантирано, но и дека народните избраници мораат да си ја работат својата работа, исто како и МВР кое е задолжено за безбедноста на сите.

Пратениците ќе треба пешки да дојдат на работа в Собрание – сите влезови ќе се блокирани

Преку блокада на Собранието утре работниците со уште една порака до пратениците – да го одблокираат законот за минимална плата кој стои заглавен повеќе до една година, а македонските семејства се повеќе тонат во сиромашттија.

To top