Македонија

Мицкоски: Работиме секој ден, за да ја извадиме државата на вистинскиот пат, заради подобра иднина на сите граѓани!!

„По изборите ќе треба да влезе голема лопата најпрвин во судството и обвинителството, каде што е сраснато со неправдите и штитењето на криминалот. Потребен е ресет на системот, без партиска или било каква поделба.“ – порача премиерот на Република Македонија и лидер на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски од вечерашниот завршен митинг, одржан во општина Охрид, во рамки на изборната кампања под слоганот „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“.,

Христијан Мицкоски истакна дека е наследена лоша состојба во Македонија, која од ден на ден се менува, за подобра иднина на сите граѓани. Мицкоски притоа посочи дека по изборите ќе следи длабока реформа во судството и обвинителството, институции, кои, како што нагласи, се тесно поврзани со неправдите и заштитата на криминалот. „Ќе следи  и ресет на системот без поделби и влијанија.“ – дополни Мицкоски

„Состојбата која ја затекнавме беше повеќе од катастрофална, почнавме дословно од темелите на државата. Работиме секој ден и секој час, за да ја извадиме државата на вистинскиот пат. Не сум човек,што избрзува, ниту што брзо лета во облаци, туку ви велам — сега создаваме основа за нешто, што ќе се гради десетина години. По изборите ќе треба да влезе голема лопата најпрвин во судството и обвинителството, каде е сраснато со неправдите и штитењето на криминалот. Потребен е ресет на системот, без партиска или било каква поделба.“ – истакна лидерот на ВМРО ДПМНЕ и премиер Мицкоски.

Мицкоски ја посочи економијата и заштитата на животниот стандард како втора област, во која ќе се вложува, Во овој контекст тој ја објави новата инвестиција од 150 милиони долари, која ќе донесе 1000 нови вработувања во Македонија за подобар живот на сите граѓани и раст и развој на економијата.

„Воедно сакам да ви кажам за втората област каде непрестајно ќе продолжиме да работиме за борбата за заштита на животниот стандард и економијата. Следната година ќе биде исто така година на економија и повеќе пари и повисок стандард за секого. Би сакал да кажам една убава вест којашто мислам дека ќе ги израдува македонските граѓани: започнуваме со нов циклус на инвестиции, во завршни преговори сме со американско-британска компанија, којашто ќе вложи до 150 милиони долари во наменската воена индустрија во Македонија. Ќе имаме нови високоплатени 1000 работни места и ова е само почеток. Очекуваме во воената наменска индустрија инвестициите да достигнат повеќе од 1 милијарда долари.“ – рече  Христијан Мицкоски. 


Најнови вести од: Македонија

(Видео): За Љупчо Николовски има сериозни сомнежи за сторен криминал, вели Трипуновски

Министерот Трипуновски вели дека Николовски кој што деновиве се појавува на прес конференции ја нема раздолжено техничката опрема која што ја има задолжено во Министерството. Трипуновски истакна уште еден пример, имено по склучениот договор со KfW Банка за кредит од 80 милиони евра за инвестиции во водостопанството.

Николоски: Македонија и Бугарија се договорија за заедничкиот тунел од пругата, проблемот со железницата беше инженерски, а не политички

„Овој проект ќе се финансира со ефтини кредити и грантови, за кои веќе има интерес од Европската Унија и Европската инвестициска банка, и тој има и геостратегиско значење, бидејќи е поддржан од НАТО и САД.“ – изјави вечерва во емисијата „Топ Тема“ на ТВ Телма заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт и врски Александар Николоски.

Скопје започнува нова ера – ќе има подземна сообраќајница во центарот на градот

Скопје започнува нова ера во урбаната инфраструктура, подземната сообраќајница на булевар Македонија ќе ги растовари метежите и ќе воведе современи решенија според европските стандарди.

Продлабочување на соработката: Стоилковиќ во Белград на средба со српската министерка за економија

Вицепремиерот Стоилковиќ во Белград оствари работна средба со потпретседателката на Владата на Србија и министерка за економија Адријана Месаровиќ. Се разговараше за потпишување на меморандум за натамошно унапредување и продлабочување на економската соработка…

Како ќе изгледа мега паркот во општина Бутел (ФОТО)

Со реализацијата на овој проект, Општина Бутел најавува нов пристап кон уредувањето на јавните простори – со акцент на зеленилото, пристапноста и функционалноста. Паркот е дел од пошироката стратегија за зголемување на зелените површини во Скопје и претставува пример како може да се комбинираат еколошки вредности и современ урбан дизајн.

Најнови вести

To top