Македонија

Мицкоски: СДСМ ја води најниската форма на политика – некрофилска политика

Од опозицијата стигнуваат какафонични пораки, вели Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски ја обвинува опозицијата дека ја води најниската форма на политика – некрофилска политика.

Во своето гостување на Телма, тој зборуваше за барањата за Анкетна комисија во врска со трагедијата во Кочани.

-Внимателно ја слушам дебатата на политичката сцена. Од опозицијата стигнуваат какафонични пораки. Претседателот на СДСМ од една страна обвинува дека судството и обвинителството се под политички притисок од оваа Влада која јас ја предводам, и сега кога овој случај е таму воден од обвинителството, а започнува во судството, тој вели „не, дебатата да ја пренесеме во Парламентот“. Тоа не го прават тие за да ја истераат работата до крај бидејќи тие немаат алатки ниту пак кредибилитет. Тие тоа го прават исклучиво за политизирање и тоа е онаа најниска форма на политика – некрофилска политика која ја води опозицијата, истакна Мицкоски.

Барањето на СДСМ за Анкетна комисија беше прифатено од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, рече Мицкоски и објасни дека од страна на владејачката партија било побарано да се зборува и за сите оние останати трагедии од минативе години.

-Апсолутно сите виновници треба да се изведат пред лицето на правдата. Во најмала рака, кога во Парламентот има ваков тип на анкетна и надзорна расправа, тогаш треба граѓаните да видат и да слушнат кој е тој што направил грешка, кој е виновен. И јас апсолутно ја поддржувам идејата на пратениците, еве, нека има анкетна и надзорна расправа, рече Мицкоски.

 

Најнови вести од: Македонија

(Фото): За шверцот на марихуана во Србија ќе одговараат сите инволвирани

Ќе мораме како јавност да имаме разбирање дека можеби е еден од најголемите кривично-правни процеси коишто ќе треба да бидат сработени од страна на Министерството за внатрешни работи заедно во соработка, особено со Финансовата полиција, Управата за финансиско разузнавање, Царина и Јавното обвинителство, рече Тошковски.

Петрушевски: Паника и хистерија во СДС, кој ќе седне на обвинителна клупа по сведочењето на Груби?!

Осврнувајќи се на темата за поранешниот вицепремиер Артан Груби во владата на СДС, пратеникот од ВМРО ДПМНЕ Бране Петрушевски истакна во емисијата „Анализа“ на ТВ 24 дека би требало институциите независно да постапуваат во тој случај. Според него, опозициската СДС стравува од тоа што би изнел Груби пред обвинителството и кој би седнал до него на обвинителната клупа, ако она што тој го изнел иницира поширока одговорност за можни злоупотреби во рамки на поранешната влада.

Нова трагедија со паѓање од балкон овојпат на 10-годишно дете во Тетово

„Денеска, на 3.03.2026 година околу 9 часот во СВР Тетово било пријавено дека во Клиничка болница Тетово било донесено починато 10-годишно момче од Тетово. Според пријавеното, детето кое било со здравствени проблеми паднало од тераса од станот во кој живеело во Тетово. Животот го изгубило по паѓањето од балконот.“ – соопшти денес тетовска полиција.

To top