Македонија

Мицкоски: СДСМ нема црвени линии, а Филипче со свитканиот ‘рбет ја дарува Бугарија, велејќи „не нѐ интересираат нашите во Пиринска Македонија“!

„Затоа со масовно гласање за број 9 и за ВМРО-ДПМНЕ се прави вистинскиот избор, за твојот човек, за твоето место и за твојата иднина, за да се стави конечно ред и да дојде правда во државата.“ – порача премиерот на Република Македонија и лидер на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски од вчерашниот митинг во Могила.

„Првата порака, која ја испратија од СДСМ во оваа кампања, беше нивниот документ, што го нарекоа ‘резолуција на СДСМ со така наречени црвени линии“. Но зарем некој денес во Македонија верува дека СДСМ може да биде патриотска партија и да има црвени линии? Зад тој нивен документ се крие прво тоа што тие ги уриваат тешко повратените минимални, но повратени национални и државни позиции, што го стори владата во изминатите 15 месеци. Второ е тоа што тие имаат уште еден подарок за Бугарија, а кој е тој подарок? Претседателот на СДСМ Филипче вели ‘еве, уште еднаш да го свиткаме ‘рбетот без да добиеме ништо, не нè интересираат нашите во Пиринска Македонија’.“ – кажа премиерот на Република Македонија и лидер на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски на вчерашниот митинг во Могила во рамки на кампањата за локалните избори,

Мицкоски напомна дека на своите предизборни митинзи од СДСМ едвај успеваат да соберат по неколкумина присутни. Ова раководство ја доведе СДСМ како партија под минимумот, под 150 илјади гласа и тие на овие избори ќе се борат жестоко да освојат меѓу 120 и 130 илјади гласа. Но тој е нивен проблем. Очекувам после овие избори да има таму прочистување, реконструкција и нови млади сили, што ќе донесат нова енергија и кои ќе бидат конструктивна опозиција, па да работиме заедно на основа на идеи, аргументи, проекти и визија, а не на црна кампања. – нагласи Мицкоски.

Премиерот и претседател на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски истакна дека една од политичките пораки, кои ги испраќа опозицијата во овие предизборни денови, е дека безмилосно ќе ги штити своите аргати и лакеи во обвинителството и судството.

Јас веќе кажав дека ние немаме намера да ги поддржуваме тие малкумина корумпирани аргати и лакеи на СДСМ и ДУИ во судството и обвинителството. Не ги заслужуваат платите, што ги земаат. Од СДСМ не почекаа ниту еден ден да помине, откако го имав ова кажано, па уште истиот ден се изредија во првите редови да ги бранат. – нагласи Христијан Мицкоски, додавајќи дека МВР подготви со докази голем број предмети, но и оти судството и обвинителството ги чуваат во фиока.

 

Најнови вести од: Македонија

Oд 1 септември ќе биде пуштена во сообраќај првата линија на „Градски воз“

Проектот Градски воз напредува одлично, до јуни ќе биде завршена линијата од Зелениково преку Драчево, Кисела Вода до Нова железничка станица, а од 1 септември пуштена за сообраќај, информираше министерот за транспорт Александар Николоски.

Љутков до Синдикатот на културните работници: Избравте судир и создавање на криза

Евентуално поништување на Колективниот договор, ќе биде неизбежна последица на долготрајниот застој, систематското одбивање за дијалог и институционален притисок од страна на раководството на СКРМ, смета министерот

Мицкоски: Пораката на Велигден нè повикува да се издигнеме духовно и да ги надминеме сите поделби

Во овие времиња на предизвици, како што вели премиерот „сите ние сме повикани да си подадеме рака, да застанеме рамо до рамо и заеднички да го градиме нашиот единствен дом – Македонија“.

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова до верниците од католичка вероисповед за Велигден

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод големиот христијански празник – Велигден, упати честитка до д-р Киро Стојанов, скопски бискуп и епарх струмичко-скопски и до сите верници од католичка вероисповед.

To top