Македонија

Мицкоски: СДСМ нема кредибилитет и води некрофилска политика за трагедијата во Кочани

Премиерот Христијан Мицкоски вечерва порача дека судскиот процес за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани мора да се одвива целосно независно и без политички притисок, иако, за жал, некои политички партии се обидуваат да ја искористат болката на семејствата за да градат сопствена кариера.

Премиерот Христијан Мицкоски вечерва порача дека судскиот процес за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани мора да се одвива целосно независно и без политички притисок, иако, за жал, некои политички партии се обидуваат да ја искористат болката на семејствата за да градат сопствена кариера.

„Лично мислам дека мора така да биде, не може да биде поинаку. Е сега, има тука одредени политички партии што на овој случај, за жал, на маката на луѓето кои ги изгубија своите најмили, се обидуваат да градат политичка кариера. И затоа не можеме да кажеме дека нема политичко влијание, бидејќи тие политичари и тие политички партии се обидуваат да ја злоупотребат оваа мака“, рече Мицкоски во гостувањето на Телма.

Премиерот нагласи дека тој лично молчи и остава обвинителството и судството мирно да ја завршат работата, за разлика од опозицијата која постојано испраќа политички пораки. Потенцира дека сака фер и транспарентно судење кое недвосмислено ќе ги утврди виновниците.

Мицкоски ја поддржа одлуката на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за формирање анкетна и надзорна комисија што ќе ги испита сите трагични настани од изминатите години и ќе ги изнесе пред лицето на правдата апсолутно сите виновници.

Го критикуваше лидерот на СДСМ за, како што рече, очигледно лицемерие и „некрофилска политика“: од една страна тврди дека судството е под притисок на актуелната власт, а од друга бара дебатата да се префрли во Собранието – не за да се реши случајот, туку исклучиво за политизирање.

 

Најнови вести од: Македонија

Сашко Кедев влезе во Гинис како најстариот алпинист во светот кој ги искачил сите 14 врвови над 8.000 метри

Кедев, на доделувањето на наградата, порача дека освојувањето на 14-те највисоки врвови во светот го смета за национален успех којшто го посвети на сите Македонци

Запалени повеќе контејнери во Ново Лисиче – градоначалникот Ѓорѓиевски бара итна истрага

Скопје нема да биде заложник на вандали, барам итна реакција од МВР. Во услови кога набавивме 3.300 нови контејнери и го решивме проблемот со сметот, очигледно дека на некој не му одговара чисто Скопје и развојот на градот

Манасиевски: Филипче и СДС да кажат дали Мацура бил криминалец со сомнителен капитал кога со ДУИ овозможиле влез на Алта банка во Македонија

Портпаролот на ВМРО ДПМНЕ Валентин Манасиевски истакнува: Фирмата на сватот на Ахмети, според јавно достапни информации, поседувала акции во Стопанска банка АД Битола, кои потоа ги продаваат на Давор Мацура и Алта банка. Филипче и СДС молчат за ова и не коментираат од страв кон ДУИ.

„Скопје.1.мк“: Над 12 тони производи од Македонија запрени на косовската граница, поради „ешерихија коли“ во претходни пратки

„Косовските власти вратиле две пратки млечни производи од Македонија, со вкупна тежина од 12.268 килограми, поради претходно утврдени неправилности поврзани со безбедноста на храната и хигиената во производството. Станувало збор за прехранбени кремови со растителни масти и производи од сирење, произведени од АД ‘Млекара Тетово’,пренесува ‘Радио Ким’. Пратките биле наменети за компанијата ‘VIZIONI M.Z.I.I’ од Преоце, во близина на Грачаница, но биле запрени на граничниот премин Генерал Јанковиќ.“ – објави информативниот портал „Скопје 1.мк“.

Партија на пензионери: Поддршка за новиот предлог- КЗ! Конфискуваниот имот да оди за социјалната заштита, здравството и стандардот на пензионерите!

Партијата на пензионери дава целосна поддршка за новиот предлог-закон за Кривичниот законик на Македонија, со кој се предвидуваат построги казни за корупција и криминал меѓу носителите на јавни функции. Од партијата, сепак, сметаат дека се потребни дополнително заострување на казнените мерки и суштински реформи во правосудниот систем.

ЕУ го натерала Вучиќ да ги повлече војниците и полицијата од Пионирскиот парк, за да спречи судири и граѓанска војна?!

Европската Унија извршила притисок врз Александар Вучиќ во изборната ноќ да ги повлече војниците и полицајците од Пионирскиот парк во Белград, бидејќи постоел страв дека ситуацијата може да ескалира во граѓанска војна. Ова го тврди поранешната амбасадорка на Белгија во Србија, Дениз де Хауер, во интервју за телевизијата „Инсајдер“.

Архимандрит Царкњас: Прашањето на Македонците во соседните земји треба да се споменува од страна на македонските власти

Во Штип се одржа традионалната „Егејска вечер“ и семакедонска средба. Архимандритот Никодим Царкњас нагласи дека прашањето на Македонците во соседните земји треба да се споменува од страна на македонските власти.

To top