Македонија

Мицкоски: Вие сте темелот на државата, а времето на Македонија е сега

Премиерот Христијан Мицкоски, на првиот циклус на генерички обуки за административни службеници, порача дека јавната администрација нема повеќе да биде „партиски плен“, туку ќе стане професионална, ефикасна и посветена на граѓаните.

Премиерот Христијан Мицкоски, на првиот циклус на генерички обуки за административни службеници, порача дека јавната администрација нема повеќе да биде „партиски плен“, туку ќе стане професионална, ефикасна и посветена на граѓаните. „Вие сте темелот на државата, а времето на Македонија е сега“, истакна тој, повикувајќи ги вработените да бидат храбри и да воведуваат нови практики.

Ние сме генерацијата која мора да ја извлече државата од мракот на партизацијата и да ја однесе во светлината кон европската иднина. Учете, прашувајте, дискутирајте. Бидете тие кои ќе ја остават администрацијата поефикасна, почесна и посилна од било кога. Заедно ќе создадеме јавен сектор кој ќе биде двигател на развојот, партнер на граѓаните и гарант за европската иднина на татковината“, рече Мицкоски. Тој нагласи дека патот кон ЕУ бара институции по европски стандарди, каде работата на администрацијата е „лицето на државата“.

Министерот за јавна администрација Горан Минчев ја нарече администрацијата „крвоток на државата“, без кој таа не може да функционира. Сепак, тој предупреди дека младите ја избегнуваат администрацијата поради ниските плати и недостатокот на систем за обука, напредување и признавање на квалитетот. „Тоа е реалност што не смееме да ја игнорираме“, додаде тој.

Обуките се дел од реформите за професионализација на јавниот сектор и привлекување млад кадар. На социјалните мрежи, дел од корисниците ги поддржуваат овие напори, но други се скептични поради ниските плати и бирократијата.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски со честитка за Рамазан Бајрам: Како народ отсекогаш сме знаеле да стоиме еден покрај друг

Во овие свети денови, кога се заокружува месецот на пост, трпение и на духовна посветеност, да се потсетиме на вистинските вредности што нè обединуваат како луѓе – почитта, солидарноста, хуманоста и грижата за другиот.

Муслиманските верници го слават Рамазан Бајрам

Рамазан Бајрам доаѓа по едномесечниот строг пост, во кој верниците се воздржуваа од храна и пијалоци од зора до зајдисонце. Во сите џамии, денеска се служи утрински Бајрам-намаз. По утринската молитва, верниците ги посетуваат гробиштата на своите роднини.

To top