Македонија

Мицкоски: Во тек е оглас за ангажирање на 400 пожарникари

„Македонската интервентна пожарна, еве така да ја наречеме оваа единица, денес делуваше многу импресивно и мотивирачки. Денес се случи комплетна пренамена на полициските и армиски „БТР 80“, „Хермелини“ и „Пинцгауери“ кои беа управувани од луѓе кои се вешти од МВР и Армијата. На сите тие возила им е вграден различен резервоар, во зависност од статиката […]

„Македонската интервентна пожарна, еве така да ја наречеме оваа единица, денес делуваше многу импресивно и мотивирачки. Денес се случи комплетна пренамена на полициските и армиски „БТР 80“, „Хермелини“ и „Пинцгауери“ кои беа управувани од луѓе кои се вешти од МВР и Армијата. На сите тие возила им е вграден различен резервоар, во зависност од статиката на возилото, да не дојде до изместување на тежиштето и да не дојде до превртување. Работеа инженери на овој проект. Резервоарите се од 1,5 метар кубен до 6, исто така се со вградени пумпи со различна „коњажа“, пумпи со различна можност, притисок итн и навистина тоа делува импресивно. Кога зборувавме со луѓето од Армијата колкав терен тие би можеле да покријат, ми беше кажано дека до 20 километри само овие возила кога би се распределиле би изгасиле пожар.“,рече премиерот Мицкоски во гостувањето на „Тема на денот“ во Дневникот на Сител телевизија.

Тој потенцираше дека оваа пренамена на старите армиски и полициски возила не ја чинело државата ништо, туку тоа било направено од општествено одговорни компании, а ако едно вакво возило чини 400 илјади евра, тогаш тоа значи дека заштедени се неколку десетици милиони евра од буџетот.

Од друга страна отпочнат е огласот за вработување на 400 нови пожарникари. Ги охрабрувам луѓето преку општините, тие кои се чувствуваат подготвени да влезат во овој процес. Оваа единица, армиските хеликоптери и хеликоптерите на полицијата, а на тоа додадени и Ер тракторите, еден е вратен од сервис, другиот се враќа оваа недела, а третиот до крај на јули, ценам дека сме подготвени доколку оваа година се случат пожари да ги совладаме.“,истакна премиерот Мицкоски и дополни дека направените промени ветуваат спремност во справувањето со пожарите и за разлика од минатото државата ќе биде проактивна, а не реактивна на ова поле.

Најнови вести од: Македонија

Николоски на министерски состанок во Вашингтон: Ги развиваме автопатите и железницата, инвестициски циклус од неколку милијарди евра

Николоски во своето обраќање на глобалниот форум ”Trasforming Transportation 2026“ што се одржува во Вашингтон во организација на Светска банка, го потенцира значењето на коридорите и инвестициите што се реализираат

Ѓорѓиевски: Левица е најголемото бандитско здружување во Скопје, најголемото зло, што му се случило изминативе десет години!

Денес на седницата на Советот на Град Скопје градоначалникот Орце Ѓорѓиевски истакна дека „политичката партија Левица е најголемото бандитско здружување во Скопје!“

Ќе се гради кружен тек кај Народна банка и две монтажни катни гаражи во рамки на Клинички центар

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, соопшти дека средствата се обезбедени без нови задолжувања и дека ќе бидат вложени во проекти кои директно треба да го подобрат секојдневието на граѓаните

Украина го нападна Туркстрим: Eдинствениот гасовод што го снабдува Балканот со гас, меѓу кои и Македонија

Унгарскиот министер за надворешни работи и трговија, Петер Сијарто, денеска остро реагираше на украински напад врз инфраструктурата на гасоводот Туркстрим во Русија, оценувајќи го како сериозна закана за енергетската безбедност на Унгарија и пошироко.

To top