Македонија

Мицкоски за демографскиот пад: За четири години загубивме град со големина на Кавадарци

Ова не се само бројки. Ова е тишина што се шири. А кога велиме дека „ги рушеа темелите“, не мислевме само на корупцијата, на стопираните проекти, на нефункционалните институции од минатата Влада. Мислевме и на ова

Премиерот Христијан Мицкоски денеска истакна дека демографската рецесија не е проблем само за Македонија, туку и предизвик за цела Европа и пошироко и нагласи дека Влада не го премолчува проблемот, туку креира политики за справување со него. Премиерот додаде дека оваа борба не е само на едно министерство туку на сите општествени чинители.

Иако Македонија е исклучок, посочи премиерот, сепак нашата состојба е посебна, затоа што додека некои држави ја забележуваат оваа појава како тренд, кај нас таа е, вели, аларм.

Мицкоски во своето обраќање на настанот во Владата на тема „Демографски трендови, предизвици и можни решенија – Развој на стратешки документи за демографска отпорност“ нагласи дека овој проблем од претходните влади се ставал под тепих и не се гледало на него како на сериозна закана. Додаде дека во 2024 година се родиле 16.061 деца, а починале 20.201 лица и напомена дека тоа е природен пад од 4.140 луѓе за само една година.

– Во последните четири години, изгубивме повеќе од 33.000 жители, како да исчезна еден град од големина на Кавадарци или Кичево. Стапката на наталитет падна од 12,5 процентни промили во 2010 година на само 8,8 во 2024 – истакна премиерот.

Тој додаде дека во многу општини и села веќе нема ниту прво одделение, сè повеќе луѓе живеат сами, сè помалку стапуваат во брак, сè помалку деца се раѓаат.

– Ова не се само бројки. Ова е тишина што се шири. А кога велиме дека „ги рушеа темелите“, не мислевме само на корупцијата, на стопираните проекти, на нефункционалните институции од минатата Влада. Мислевме и на ова. На рушењето на семејството. На губењето на иднината. На иселувањето како единствена опција. Затоа денес кажуваме гласно: Оваа Влада не го премолчува проблемот. Го именува. Го признава. И се бори со него. Но, што значи таа борба? Тоа не е борба со едно министерство. Тоа е борба на сите нас. Борба што се води во градинките, во училиштата, во родилиштата, во домовите, во иселеничките клубови, на граничните премини каде се простуваат мајки и синови – истакна Мицкоски.

Премиерот нагласи дека целта е да се направи животот вреден, мајчинството благослов, а не товар, но и да им се дадат причини на младите да останат.

– Да изградиме институции што не ја трошат туѓата младост, туку ја негуваат, да изградиме држава во која надежта е поважна од пасошот. Знаеме дека нема магично решение. Но има намерна, постојана, државничка борба. И ние ја почнавме. Секоја мерка, секоја инвестиција, секоја политика што ја носиме е со цел да ја вратиме вербата – истакна Мицкоски, нагласувајќи дека сериозно размислуваат за воведување дополнителни даноци за немажени и неженетите.

Мицкоски истакна дека нема ништо посвето од животот и ништо потажно од тоа што денес нашата држава тивко се празни.

– Но исто така – нема ништо похрабро од народ што се буди. Затоа велиме: Време е. Време е за иднина. Време е за држава, каде што ќе се раѓаат повеќе деца, повеќе млади да стапувата во брак и да се раѓаат повеќе деца, ќе се враќаат повеќе луѓе, и ќе се живее со повеќе срце. Како што рекол Едгар Морен: „Демографијата не е судбина – туку огледало. Прашањето е: што ќе видиме во него и дали ќе имаме храброст да дејствуваме.“ Ние веќе гледаме. И веќе дејствуваме. Ги градиме темелите на промените – затоа што доаѓа времето на народот и граѓаните. И тоа нема да биде време на заминување, туку време на враќање. Не на тишина, туку на нови гласови. Не на исчезнување, туку на раѓање – истакна Мицкоски.

Најнови вести од: Македонија

Во Кина пробиена планина долга 22 километри и се изгради најдолгиот автопатски тунел!

Кина го пушти во употреба најдолгиот автопатски тунел во Азија, долг 22,13 километри, кој минува низ планините во покраината Гуиџоу. Тунелот „Тјаншан Шенгли“, со модерно осветлување и бетонска конструкција, веќе се смета за едно од најзначајните инженерски остварувања во регионот.

Цветановски: Изјавите на Лејла Кадриу за случувањата во СЈО не се изненадување за правосудната фела

„Можеби за дел од јавноста изјавите на колешката Кадриу беа изненадување, но сигурен сум дека за правосудната фела, особено моите колеги обвинители, не. Кадриу само го потврди тоа што потајно се шпекулираше за случувањата зад затворени врати во СЈО. Сега тоа не се шпекулации, туку потврдување од сведок кој лично ги увидел состојбите“, вели обвинителот Јово Цветановски во интервју за „Република“ .

ВМРО ДПМНЕ: Не Стојановска, туку Трендафилов да одговара за злоупотреба на службено возило за приватни цели!

„Наместо да се сокрие од срамот пред македонскиот работник, претседателот на Сојузот на синдикатите Слободан Трендафилов одбра со невидена дрскост, паника и нервоза да ја напаѓа пратеничката Дафина Стојаноска, глумејќи жртва за да го прикрие сопствениот скандал. Додека лицемерно ги повикуваше пратениците да одат пешки, ‘синдикалецот’ Трендафилов истиот ден се појави на протест со службено возило, а јавноста веќе виде како тоа исто возило се користи за семејни потреби како да е негова приватна сопственост.“ – реагира пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Украл бакарни кабли вредни 200 илјади евра од градилиштето за подземниот булевар во Скопје!

Вработен во обезбедувањето на подземниот булевар во изградба кај комплексот Дајамонд во центарот на Скопје заврши со лисици на рацете. Полицијата го товари дека за еден месец украл околу два километра бакарни кабли од градилиштето за подземниот булевар. Според информацијата на МВР вредноста на украдените бакарни кабли изнесува околу 200 илјди евра.

ВМРО-ДПМНЕ предлага уште пет години рок за легализација на бесправно изградените објекти

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата поднесе предлог-закон за изменување на Законот за постапување со бесправно изградените објекти, по скратена постапка, за да не останат граѓаните со нерешени статуси за своите домови, поради административни пречки, или бавни процедури.

Нови противпожарни возила за „Јасен“

Специјализирани возила и опрема, вклучително противпожарно возило со голем капацитет за вода, две теренски возила со интегрирани пумпи, возило за интервенции во мала инфраструктура за заштита од пожари (багер со лопата), оптички систем за надзор со долг дострел како и опрема за мали инфраструктурни интервенции

Најнови вести

To top